Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошта во Скопје

0
By Zoran Ivanov on June 2, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 2, 2026 20:48

 Малку е веројатно дека во заклучоците (на Самитот ЕУ – ЗБ во Тиват, Црна Гора и Советот на ЕУ во втората половина од јуни) Европската Унија ќе прифати формулации што би значеле суштинско менување на преговарачката рамка, но не е исклучено да се појави подготвеност за политички јазик што ќе ја нагласи мерит-суштината на проширувањето, ќе предупреди на геополитички па и безбедносни ризици од идни билатерални условувања и ќе ја потврди европската перспектива на земјата.

Тони Поповски

Посетата на Антонио Кошта на Западен Балкан во овој геополитички момент не треба да се чита како уште една рутинска дипломатска турнеја на водечки европски функционер. Во позадина на неговата агенда за оваа турнеја е пошироката стратегиска преориентација на Европската Унија, која по руската агресија врз Украина и засилената геополитичка конкуренција на континентот очигледно го реоткрива значењето на проширувањето како инструмент на заедничка безбедност (надградена на НАТО) и политичка стабилност. Во таа смисла, пораката што Кошта ја носи во регионот е дека Западен Балкан повеќе не е периферија на европската политика, туку нејзин сè поважен геостратегиски простор.

За Македонија, ова отвора и можности и дилеми.

Од една страна, може да сметаме на се поочигледната политичка чувствителност во Брисел кон повеќе од оправданата долгогодишната фрустрација на нашите граѓани. Од друга страна, нема нови индикации дека Европската Унија е подготвена да го ревидира воспоставениот преговарачки механизам – рамка. Впрочем и последните заклучоци на Советот на ЕУ од декември 2025 година, упатуваат на исполнување на превземни обврски.

Токму затоа посетата на Кошта има повеќе политичка отколку оперативна тежина иако нашата заложба за политички заклучоци на Советот на ЕУ со кои би се упатило на последици од понатамошна билатерализација на процесот на преговори сепак би охрабрила носење на уставните измени и оперативно продолжување на процесот.

Поконкретно, малку е веројатно дека во заклучоците (на Самитот ЕУ – ЗБ во Тиват, Црна Гора и Советот на ЕУ во втората половина од јуни) Европската Унија ќе прифати формулации што би значеле суштинско менување на преговарачката рамка, но не е исклучено да се појави подготвеност за политички јазик што ќе ја нагласи мерит-суштината на проширувањето, ќе предупреди на геополитички па и безбедносни ризици од идни билатерални условувања и ќе ја потврди европската перспектива на земјата.

За нас, вакви формулации во заклучоците можеби нема целосно да превенираат нови вета врз основи кои се надвор од Копенхашките критериуми (сценарио со сепак висок степен на извесност), но би можеле да претставуваат дипломатски капитал – не само наш туку и на сите држави – членки на ЕУ, а кои се приврзаници на проширување засновано на европското право и критериуми. Вака формулирани политички заклучоци би ги направиле овие вета поскапи за оние кои ги практикуваат и потешко одржливи.

Затоа, според мене, Самитот во Црна Гора веројатно нема да донесе драматични одлуки, но може да биде значаен како настан од кој се упатува сериозен и силен политички сигнал во еден премногу деликатен момент за Западниот Балкан. Ако од Тиват произлезе заклучок дека проширувањето повторно е стратешки приоритет на Унијата и дека земјите кандидати ќе бидат оценувани пред сè според реформските резултати, тогаш ќе добиеме аргумент дека нашата европска перспектива сепак не е затворена.

Суштинското прашање, меѓутоа, останува дали новата геополитичка логика на Европската Унија ќе биде доволно силна за постепено да ја надмине логиката на билатералните недоразбирања што со години го оптоваруваат процесот на проширување. Доколку Кошта успее да наметне поамбициозна политичка визија за регионот, тогаш неговата посета би можела да се покаже како почеток на нова фаза во односите меѓу Брисел и Западен Балкан. Ако не, постои ризик проширувањето повторно да остане заробено меѓу високите геополитички амбиции и ограничената политичка храброст и единство за нивно спроведување.

 

Од Фејсбук ѕидот на авторот

кјолумна Тони Поповски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.