Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор која беше исклучена од матичната партија ХДЗ, во интервју за Јутарњи лист вели дека е прислушкувана и уценувана со порно видео, кое всушност е непостоечко.
Оваа информација била објавена на еден портал дека Томислав Карамарко (сегашниот лидер на ХДЗ) ја уценувал со ова видео кое било снимено во едно кумровачко школо.
Како што пишува порталот, тоа било всушност и причината зошто од ХДЗ побарале да си оди, но таа одбила, затоа што изгледала одлично во тој порно филм и очекувала емпатија по примерот на Северина и нејзината порно снимка. Косор ги отфрла сите шпекулаци и вели дека се чувствува тескобно.