Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово: Курти ги доби изборите но засега не и власта

0
By Zoran Ivanov on February 9, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Албин Курти и неговата левичарска националистичка партија Самоопределување – ВВ победија на парламентарните избори на Косово, покажуваат излезните анкети и првичните резултати на Централна изборна комисија – ЦИК.

За Самоопределување гласале меѓу 37% и 42% од избирачите, но владејачката партија предводена од Курти најверојатно ќе зависи од коалиционите партнери за да продолжи да владее.

На изборите во 2021 година, Движењето Самоопределување имаше повеќе од 50 проценти од гласовите.

Податоците од четири организации кои спроведоа постизборни истражувања, сугерираат дека десноцентристичката Демократска партија – ПДК на Мемли Красниќи освоила меѓу 19% и 23% од гласовите, центристичката Демократска лига на Косово – ЛДК на Лумир Абдиџику од 19% до 20% и конзервативната Алијанса за иднината – ААК на Рамуш Харидинај меѓу 6% и 8%.

Останатите партии и коалиции нема да го надминат прагот од пет проценти за влез во парламентот.

Според проекциите од освоените гласови, ВВ во новиот состав на законодавниот дом ќе има 43 пратеници, ПДК 25, ЛДК 23 и ААК девет.

Без разлика на изборните постигнувања во водечките политички партии, 20 од 120 места во парламентот се резервирани за етничките малцински групи: 10 за Србите и уште 10 за другите, вклучувајќи ги Бошњаците, Турците и Ромите.

На денешните први редовни, а вкупно девети парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста, се гласаше на 2.533 гласачки места, а право глас имаа 1.970.944 лица во самото Косово и 104.924 во дијаспората. Косовските граѓани во странство гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва, лоцирани во 19 различни земји.

На изборите учествуваат 28 политички субјекти, од кои 20 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат

 

косови избори пшобедник курти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.