Од ноќеска Косово воведе ембарго за одредени производи од Македонија. Оваа строга забрана се однесува за жито, брашно, млеко, конзервирани овошја и зелeнчук, сокови, вино и друг вид алкохол, тутун и тутунски производи.
Според информациите на НОВА големите компании се веќе известени и нивните камиони стојат на граница, неможејќи да ги испорачаат своите производи во Косово.
На оваа актуелна тема, како и зошто мелничарите инсистираат да не се укинува забраната на увоз на брашно разговараме со Васко Ристовски виш советник во Стопанската комора.