Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косовски министер за спорт: Наскоро одлука за забрана на српски паралелни спортски активности

0
By НОВА ТВ on October 25, 2021 РЕГИОН, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовскиот министер за култура, млади и спорт, Хајрула Чеку, денеска соопшти дека оваа недела ќе биде донесена одлука за забрана на развој на српските „паралелни спортски активности“ во Косово, пренесува Радио Слободна Европа.

Овој потег уследи откако Србија ги спречи косовските боксери да учествуваат на Светското боксерско првенство што се одржува во Белград, поради државните симболи.

Чеку рече дека за препораките, врз основа на кои властите ќе преземат мерки, ќе одлучи Националниот совет за спречување и санкционирање на насилство и негативни појави во спортот. Тој потсети дека многу паралелни структури на српските федерации функционираат во Косово, што е спротивно на косовските закони.

За време на прес-конференцијата со косовската боксерска репрезентација во име на Владата на Косово, Чеку остро го осуди оневозможувањето на учеството на косовските спортисти на натпреварувањето во Белград. Тој додаде дека таквата одлука е кршење на сите меѓународни, спортски правила.

– Сметаме дека оваа одлука на организаторите на Светското првенство во Белград е донесена според директивите на Владата на Србија, рече Чеку. Тој додаде дека вчера било побарано од странските амбасади во Косово да реагираат и да овозможат заминување на косовските спортисти, но дека и покрај многуте барања, како на институционално, така и на ниво на спортски организации, на косовските спортисти не им било дозволено да одат на првенството. .

Косовскиот министер додаде дека „пристапот на Србија го надминува светот на спортот, претворајќи го во политичко прашање“.

Во меѓувреме се огласи и Европската унија, која побара од организаторот на првенството во Белград да овозможи рамноправно учество на косовските боксери.

– ЕУ целосно ја поддржува Меѓународната боксерска асоцијација во нејзините очекувања дека делегацијата на Боксерската асоцијација на Косово нема да биде третиран поинаку од делегацијата на која било друга членка на Асоцијацијата и дека на Косово ќе му биде дозволено да учествува рамноправно, изјави Петер Стано, портпарол на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.