Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косовскиот амбасадор во Северна Македонија контактиран од Специјалниот суд во Хаг

0
By Нова ТВ on July 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Ѓерѓ Дедај, изјави дека бил контактиран од меѓународниот Специјален суд за Косово, но вели дека не бил испитуван и не е поканет како сведок од Обвинителството во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за косовската јавна телевизија РТК, Дедај изјави дека од Трибуналот му се јавиле за да го прашаат дали доживеал „вознемирувања, закани и слично“.

– Бев контактиран, но ништо повеќе. Подготвен сум да одговорам и барам да се расветлат сите злосторства во Косово, а се знае дека злосторствата ги извршија Србите, изјави Дедај, оценувајќи дека Специјалниот суд води „неправеден процес против Ослободителната војска на Косово“.

Тој нагласи дека од Меѓународниот трибунал, кој ги испитува претпоставените злосторства врз цивили од разни националности за време и непосредно по војната во 1998-99 година, побарал да му одговори кој ги убил членовите на неговото семејство.

– Можам да сведочам и подготвен сум да посведочам за чистата борба на ОВК, затоа што на ОВК не ѝ е местото во Хаг. Таму треба да бидат српските криминалци кои убиваа цивили Албанци и вршеа силувања и други злосторства, изјави Дедај.

Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа ја започна во јануари минатата година, од кога, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивили од албанска, српска, ромска и друга националност, според досегашните информации, се повикани околу 300 поранешни припадници на ОВК.

На крајот на јуни годинава беше објавено дека Специјалното обвинителство покренало обвиненија против некои од основачите и водачите на ОВК, меѓу кои и актуелниот претседател на Косово Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово и поранешен собраниски спикер Кадри Весели.

Тачи, кој од 13 до 17 овој месец беше на распит пред обвинителството во Хаг, изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на државата доколку обвинението против него биде прифатено од судот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
ФОКУС

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

ВЕСТИ October 12, 2025

Светски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за…

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.