Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Ја завршуваме ревитализацијата на црквата на Ангелот од Курбиново – нашето историско и културно наследство

0
By Marija Todorovska on May 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По неполни четири години интервенциите за целосна заштита на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново се во последна фаза, со што сонот и заложбите на генерации експерти од заштитата се реализирани, информира министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

-Црквата на Ангелот од Курбиново трпеливо чекаше на достојно внимание. И го доби, и стана наш врвен приоритет. Црквата доби статус – добро во опасност, со што ги мобилизиравме сите стручни и материјални ресурси од заштитата, вели министерката за култура.

Таа додава дека свесни за непроценливата вредност на овој драгоцен камен од мозаикот на нашето културно наследство, Владата, Министерството за култура, Заводот и музеј Битола и институциите од заштитата започнаа сериозен, комплексен зафат еднаков на подвиг.

-Европскиот центар за византиски споменици од Солун во овој потфат беше наш исклучително вреден стручен соработник, истакнува Костадиновска-Стојчевска.

Оваа скапоценост од 12 век што ја впишавме на Тентативната листа на УНЕСКО за светско културно наследство, сакаме што поскоро, вели министерката за култура, да биде видлива во сиот свој сјај и за светската јавност.

-Токму нејзиниот фрескоживопис ја вбројува оваа црква меѓу најважните дела на средновековната византиска уметност во светски рамки, додава Костадиновска-Стојчевска, потсетувајќи дека во пандемичната и неизвесна есен 2020-та со крајно внимание, неопходна стручност, со рекордно зголемен буџет за заштита на културното наследство во опасност и по проект изработен со огромна професионална посветеност, започнаа конзерваторско-реставраторските интервенции на архитектурата, а потоа и на ѕидното сликарство на црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново.

Костадиновска-Стојчевска, како што е наведено во соопштението од Министерството за култура, нагласува дека и покрај апелот и напорите на експертите од заштитата, како што вели, системската речиси негрижа и несоодветните приоритети во културните политики особено во минатата декада, го доведоа ова уникатно културно богатство во сериозна опасност.

-Иако паралелно се одвиваат конзерваторски и реставраторски работи и на скопскиот Аквадукт, на многубројни цркви и манастири, како и санација на спомен-обележјата од НОВ, без задршка можам да кажам дека црквата ’Свети Ѓорги‘ во Курбиново беше приоритет во нашата политика за заштита на културното наследство како уште еден битен и несоборлив идентитетски столб, вели министерката за култура.

Бисера Костадиновска - Стојчевска Курбиново Цква на ангелот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.