Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска на дебатата „Еднаква, своја, успешна“: Ги охрабрувам младите преку културата да се спротивстават на дискриминацијата и нееднаквоста

0
By Ана Василевска on July 12, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Мултимедијален настан во Битола
Мултимедијален настан во Битола
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под мотото „Остави трага“, вчеравечер во Битола се одржа вториот мултимедијален настан во рамките на кампањата „Дојди – раскажи ја својата приказна!“, наменета, пред сè, за младите генерации. Во серијата настани и отворени разговори за споделување на личните искуства учествува и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Тема на мултимедијалните настани на Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Советот на Европа и Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи, е „Еднаква, своја, успешна“.

Вчерашната панел-дискусија се одржа пред платото на еден од најзначајните културно-историски објекти, Официрскиот дом во Битола.

Министерката Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање ја раскажа личната приказна за реализацијата како ќерка, мајка, професорка, пратеничка и, сега, министерка.

– Целта е постигната бидејќи сум убедена дека моќните пораки што ги пренесовме јас и моите соговорници, инспирирани од нашите лични искуства и сведоштва, ќе им дадат поттик и мотив на нашите деца, на младите воопшто да се остварат во храбри и одлучни личности, кои ќе бидат активни чинители во современите општествени текови и достоинствено ќе се борат за еднаквост и рамноправност во заедницата. Кога зборуваме за родова еднаквост, се стремиме кон тоа, образовниот систем да го приспособиме кон нови образовни содржини. Со правилно воспитување и школување, можеме понатаму да влијаеме преку културата, уметноста и образованието во креирање на свеста на секој поединец за еднаквост и подобар свет за сите – истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Министерката Костадиновска-Стојчевска истакна дека треба да бидеме позитивен пример за студентките и ученичките, тие да не бидат жртви на дискриминација, говор на омраза, и во ниедна сфера на дејствување да немаат бариери само затоа што се жени.

Покрај министерката за култура, учествуваа и: министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска; професорката на УКЛО – Битола, Ангелина Стојановска; Маја Атанасовска од женската трка „Биди своја“; Мартин Ангелов, сопственик на кафулето „Улаф“; Дарко Беровски, дигитална платформа „Спознавање“; Ана Јовковска, писателка и Марија Андреева, проектна раководителка во рамките на канцеларијата на Советот на Европа.

Како културно дополнување на настанот, восхит предизвикаа со својата изведба: музичката група „Шербет“, театарската претстава на „Интимен театар“ и дел од студентите од ИБУ – Факултет за уметност и дизајн. Водител на настанот беше Огнен Јанески.

Бисера Костадиновска - Стојчевска Младите и културата Мултимедијален настан во Битола
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.