Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска Стојчевска: Нема повредени во пожарот во Универзалната сала, има материјална штета

0
By Marija Todorovska on April 9, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска за време на посетата на Универзалната сала каде што претпладнево избувна пожар, изјави дека нема жртви, направена е само материјална штета и набрзо ќе се утврди колкава е штетата пред да се продолжи со градба. Таа испрати апел за брзо расчистување на случајот.

-Најпрво жалам што денес сме овде со оваа причина. Јас сум прилично многу вознемирена од ова што го гледаме позади нас. Утринава околу 9 часот бевме информирани дека изби пожар во Универзална сала и веднаш дојдовме тука. Ова што го гледаме сега е дека веќе пожарот е локализиран и дека е веќе изгаснат. Се повикувам за брзо постапување од страна на сите институции, тука со нас се присутни и претставници од надзорот, од изведувачите, од фирмата која што ја гради Универзална сала и апелирам за брзо расчистување за кои се причините за пожарот што се случил и апелирам на тоа да не се шират шпекулации, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа посочи дека пред да се продолжи со градба ќе се утврди колкава е штетата. Напомена дека објектот е осигуран, што значи дека од осигурувањето ќе се санира штетата која што е направена и потоа ќе се продолжи со градба.

– Пред да се продолжи со какви било активности заедно со стручни лица од Градежен факултет и сите релевантни институции коишто учествуваа и денеска ќе се утврди која е причината за штетата. Уште еднаш да повторам, нема жртви и нема повредени на самиот објект, рече министерката.

На новинарско прашање каква е проценката на штетата, Костадиновска Стојчевска рече дека за ова можат да одговорат инвеститорот и надзорот и раководителот на објектот.

– Јас би сакала тие да дадат постручен одговор на тие прашања затоа што се она што јас ќе го изјавам може понатаму да биде поинаку да биде истолкувано. Би сакала и тие да ви дадат одговор на она што како штета се случило внатре, иако би сакала да заврши увидот и надзорот за да можеме да кажеме што всушност се случило и која е вистинската причина за пожарот, рече министерката.

Таа доаде дека ве известуваат тековно, редовно, транспарентно за да имате информации што е точно она што се случи токму заради тоа за да се избегнат шпекулации од секаков вид.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.