Кристина Костова: Пожарникарите мака мачат да гаснат со што им дојде при рака.
Зошто нема залихи од хемиска пена и сув прав?
Кој се обидувал да ја саботира градската власт, па спречувал создавање залихи?
На кого овие методи на саботажа сега му се удираат од глава?
Институциите не ги лоцираат сопствениците на компанијата која потфрлила, ниту известуваат за нејзините лиценци, одговорности, иако тоа ѝ го должат на јавноста.
Исто така, институциите ѝ должат на јавноста да ја организираат, да дадат конкретни здравствени насоки за постапување, но и тоа изостана.
Сведочиме комплетна неспособност на ДПМНЕ и Мицкоски да се справат со катастрофите предизвикани од нивното неработење, немање волја да си преземат одговорност за нивни надлежности.
Мицкоски и ДПМНЕ се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од нивните неуспеси со тоа што се расфрлаат со штури обвинувања.
Цимолат, кукаат, но свесни се – јавноста препознава дека одговорноста е нивна.
Пакоста и неодговорноста на ДПМНЕ прескапо ги плаќаме.
Џабе Мицкоски и ДПМНЕ вперуваат прст кон други.
Екоцидот во Скопје е голем тег кој виси само врз нив.
Извор:Фејсбук