Кристина Костова: Ни кравите, ни телињата, ни скакулците, а особено не опозицијата не му се виновни на Мицкоски што неговата Влада и институциите не можат да се справат со пожарите.
Македонија е прва по изгорена територија во однос на површината во Европа!
Тоа е заслуга и постигнување на Мицкоски.
Така тој ни ја „носи Европа дома.“
И наместо да се вразуми и конечно да ги стави институциите во погон, Мицкоски продолжува да бара патетични изговори за сопствената неспособност.
Наместо да ги гасне пожарите, Мицкоски ги разгорува поделбите, омразата и пресметките со неистомислениците.
Мизерно, некомпетентно, подмолно.
Впрочем, како и целото негово досегашно владеење.
Извор: Фејсбук