Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Котевска: „Силјан“ ме убеди дека најдобро знам да раскажам приказна за Македонија

0
By Marija Todorovska on September 18, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Старци и неколку штркови седат заедно пред кооперација, ова е само една од сцените во документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска што годинава на фестивалот во Венеција беше прогласен за најинспиративен и ја доби „Наградата на Музата“. Токму симбиозата на луѓето со штрковите најмногу ја фасцинирало Котевска, иако таа првично тргнала со идеја да сними филм што ќе ја прикаже промената на миграцијата на овие птици и како тие во Македонија се хранат (јадат) од депонии.

„Силјан“ ме убеди дека најдобро знам да раскажам приказна за Македонија, дека најмногу сакам да раскажувам приказни од Македонија. Многу си ја сакам земјата. Толку добро ја познавам и толку многу ја сакам што секогаш ме фасцинира кога наоѓаме реални приказни што всушност личат на научна фантастика, рече денеска Котевска на прес-конференција, споделувајќи го патешествието на целиот „проект“.

null

Филмот, истакна, е 90 отсто снимен во Македонија (Чешиново, Гевгелија, Стојаково,…), а се почнало со многу мал тим, голема желба и сопствени финансии.

Филмот имаше тежок пат. Почнавме со многу мал тим и поминавме цела година без некаква информација за каква било финансиска поддршка. Тешко беше зашто немаше заинтересиран ниту еден странски финансиер. Баш во тој период ни беше украден и материјал вреден околу 4 000 евра. Беше многу тешко да продолжиме и да истраеме. Ми помогна искуството со „Медена земја“, ментално да успеам да ја буткам целата ситуација. Инаку, живеевме во трејлер неколку месеци поради локациите на штрковите. Буквално одевме од гнездо на гнездо и го следевме целиот нивен животен циклус, од испилувањето до полетувањето, раскажа режисерката, дополнувајќи дека секој нов филм значи почнување нешто одново, но и големи очекувања.

Кога ја најдовме приказната со штрковите кои јадат на депонија, знаевме дека мора да продолжиме и дека тоа ќе вреди, подвлече Котевска.

null

На „главниот лик“ Никола му требало време да стекне доверба во филмската екипа.

Промената на миграцијата беше мојата првична идеја и како штрковите јадат од депонии кај нас, но најфасцинантниот момент ми беше односот на Никола со штркот. Не му е ова прв штрк, чувал и претходно. И не е единствениот. Тоа за мене беше најфасцинантно, навистина е нешто посебно таа симбиоза на луѓето особено од источна Македонија, па и од секаде каде има штркови. Многу често се случува да падне штрк и тие да го чуваат, нагласи Котевска.

Според продуцентот Јорданчо Петковски, филмот настанал сосема случајно.

null

„Силјан“ настана во една пауза додека се подготвувавме да го снимаме играниот филм со Тамара. Во сценариото за играниот филм се најде штркот, а јас како продуцент прв пат се сочив со такво искуство. Кога Тамара ќе се фати за нешто, оди до крај што ми е многу драго. Така почна истражувањето за штрковите, што тие се значат, што би значеле во играниот филм и во тоа истражување поќна оваа приказна. Ни требаше една година да дојдеме до финансиери, тоа беше тешка година кога не знаевме дали да продолжиме со снимање или да почекаме, напомена Петковски кој заедно со монтажерот Мартин Иванов беше на прес-конференцијата.

Екипата не знаела дали пректот го прави со некаква цел, повеќе го гледала како некое истражување што давало мотивација.

Секогаш не интересира да ја раскажеме приказната најдобро што можеме, да биде што е можно почовечка, пуниверзална, независно дали се работи за игран или документарен филм, се што се случува околу Силјан пријатно ме изненадува зашто додека работам, не размислувам за овие работи, рече Иванов.

null

За неколку недели треба да се знае кога „Приказната за Силјан“ ќе биде премиерно прикажан пред македонската публика.

„Силјан“ е документарна бајка инспирирана од македонскиот фолклор од XVII век. Филмот, кој е и македонски кандидат за „Оскар“, ја следи судбината на Никола, земјоделец кој по тешка криза останува сам и на депонија пронаоѓа бел штрк со повредено крило. Од таа средба почнува магична врска што станува метафора за човечкиот опстанок, нежност и надеж.

котевска силјан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

ВЕСТИ October 2, 2025

Израел објави дека активистите од флотилата, која Израел ја нарекува „Хамас-Сумуд“, пловат безбедно и мирно…

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.