Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Котевски: Снимките на „Фокус“ може да се паушални или по партиска нарачка

0
By Влатко Чаловски on November 28, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Снимките кои ги објави „Фокус“ може да се паушални или по партиска нарачка и додека МВР не добие пријава од медиумот нема официјален став од наша страна, изјави за НОВА портпаролот на МВР Иво Котевски.

– Нема никаква пријава од Фокус до МВР, не знам ни за какви снимки точно се работи, може да се паушални тие снимки, а може да се по партиска нарачка, не би можел ништо да кажам се додека не добиеме пријава за тоа. Она што можам да кажам е дека Република Македонија има еден од најсофистицираните системи за издавање лични документи, потенцира Котевски.

Тој предупреди дека доколку Фокус има материјал и сознанија а не ги пријави тогаш се смета за директен соучесник во тоа.

>> (ВИДЕО) НОВА ИСТРАЖУВА: На 31.07.2013 НОВА објави истражување кое пројави сомнеж кој располага со современите лаборатории донесени во Македонија

Во меѓувреме од „Фокус“ инсистираат дека видеото и фотографиите се доставени до Јавно обвинителство од каде добиле потврда дека е примена појавата.

Токму од МВР им укажале дека таков е Законот за кривична постапка.

– По консултација со адвокати целиот материјал, видеото и фотографиите се доставени до Јавното обвинителство и оттаму добивме потврда дека е примена пријавата. На едно од прашањата до Котевски, тој одговори дека не го знаеме Законот за кривична постапка. Според новиот Закон за кривична постапка случајот треба да го пријавиме во Јавно обвинителство, дека тоа е институцијата главна за истрагата, а сега вели дека треба да се пријави во МВР. Мислам дека самиот Котевски е контрадикторен, вели Љубиша Арсиќ новинар од „Фокус“.

Денешните реакции во јавноста доаѓаат откако „Фокус“ објави ексклузивен видеоматеријал од приватен имот, каде што се гледа рачна изработка на пасоши.

Повеќе детали од материјалите кои ги објави медиумот, во најновото издание на неделникот „Фокус“ кој е веќе достапен во продажба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.