На прес-конференција Ненад Коциќ изјави дека после 20 години шепотење и не преземање ништо токму во време на СДСМ надлежни институции го отворија и го расчистуваат случајот Онкологија.
„За жал, и во овој скандалозен случај Онкологија се потврдија нечесните намери на ДПМНЕ. Се она што го кажа ДПМНЕ излезе неточно за овој случај. Чиста лага. ДПННЕ треба да собере храброст и да им се извини на граѓаните за сите лаги и манипулации. Два месеци ДПМНЕ ја злоупотребуваше работата на Анкетната комисијата. Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, се злоупотребуваше македонското Собрание, сееја лаги и на крај, пропадна работата на Анкетната комисија“, рече Коциќ.
Тој истакна и дека сите инволвирани во овој скандалозен случај ќе сносат одговорност, ќе биде расчистено се и до крај, благодарение на одговорниот пристап на СДСМ.