Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Бугарија да покаже дека се залага за интеграција на регионот во ЕУ

0
By Соња Крамарска on June 29, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија треба да покаже на сите нивоа на своето политичко делување дека се залага за интеграција на целиот регион на Западен Балкан во Европската Унија. Верувам дека за тоа се залагаат и сите партии коишто се во коалициската влада во Бугарија, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбите во Берлин.

Тој нагласи дека очекува соработката да продолжи во насока на тоа што го покажа владата на Кирил Петков во последните денови со гласањето на Резолицијата во бугарското Собрание, посочувајќи дека практично тие партии сега се дел од коалициската влада во Бугарија, која сега има ротациски премиер на девет месеци.

„Сметам дека соработката треба да продолжи во таа насока“, рече тој.

Кирил Петков, подвлече Ковачевски, е човек со кого најдовме заеднички јазик минатата година за одблокирање на патот на земјата во интергациите во ЕУ.

„Тој е претседателот на партијата ‘Продолжуваат промените’ во Бугарија. Се работи за еден авангарден политичар, кој што сака да зборува за иднината, нови технологии, унапредување на транспортот и соработката меѓу земјите и тоа се темите на коишто треба да ја градиме нашата соработка како соседни држави“, изјави Ковачевски.

Прашан што очекува и дали се планирани средби со новата влада во Бугарија, Ковачевски рече дека имал телефонски разговор со новиот бугарски премиер Николај Денков и дека очекува да се види со него на Самитот на НАТО во Вилнус.

„Веројатно ќе се видиме со бугарскиот премиер на Самитот на НАТО во Вилнус, бидејќи јас ќе ја предводам нашата делегација. Не знам точно кој ќе ја предводи бугарската. Меѓутоа секако дека ќе се видиме“, изјави Ковачевски.

Бугарија Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.