Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски-Кривокапиќ: По сојузништвото во НАТО, Македонија и Црна Гора фокусирани кон заедничките ЕУ перспективи

0
By Ivana on February 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ денеска во Лондон остварија средба, на која ја потврдија силната посветеност на двете земји за уште поинтензивна соработка, која после сојузништвото во НАТО е упатена кон заедничките ЕУ перспективи.

Како што соопштија од владината прес-служба, за време на разговорот со својот колега од Црна Гора, премиерот Ковачевски ја нагласи потреба од заедничкото учество во унапредување на регионалната соработка со цел обезбедување европска перспектива за двете држави, напредок, стабилност и подобра иднина за граѓаните на Западен Балкан.

Двајцата премиери се согласиле дека двете земји ќе ги искористат потенцијалите за зголемена соработка во областа на туризмот со цел заеднички економски бенефит.

Како земји членки на НАТО, премиерите на Северна Македонија и Црна Гора, Ковачевски и Кривокапиќ ја осудуваат воената агресија на Русија против Украина и ја оценија како кршење на меѓународното право и како закана за глобалната безбедност.

Ковачевски денеска во Лондон оствари средба и со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.

Двајцата соговорници ја споделија заедничката подготвеност за унапредување на билатералните односи на високо и највисоко ниво, за натамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, пред сé за унапредување на соработката на економски план.

– На средбата во Лондон, премиерот Ковачевски и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, се заложија да ја забрзаат постапката за потпишување на Договорот за економска соработка, Договорот за соработка во туризмот, како и Меморандумот за соработка во областа на младинските политики, се вели во соопштението.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.