Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски-Марти: Поддршка од Швајцарија за напредокот на Македонија во реформите и кон ЕУ

0
By Ivana on March 3, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Вероника Хулман Марти, амбасадорка на Швајцарија во нашата држава.

На состанокот се изразени честитки за мандатот на премиерот Ковачевски и е истакната поддршката од Швајцарија за напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграциите и на домашен реформски план.

Оценето е дека интеграцијата на државава во Европската унија ќе биде придонес во стабилноста на регионот и на ЕУ.

Исто така, пренесено е дека Швајцарија ќе продолжи да ги поддржува реформите во државава, од значење за граѓаните.

Премиерот Ковачевски ја потврди важноста на придонесот на Швајцарија, како еден од најголемите донатори во земјава, во реализацијата на проекти што го подобруваат квалитетот на живот. Притоа, истакната е значајната поддршка од Швајцарија во демократските процеси на државава.

На средбата е заеднички констатирана потребата за отвореност за дијалог од страна на сите политички субјекти во земјава, кога станува збор за развојот на Република Северна Македонија и за потребите на граѓаните. Во таа насока, нагласено е значењето на функционален Парламент и на одржливи политики на локално ниво, при спроведувањето европски проекти и други проекти од полза на граѓаните.

Премиерот Ковачевски информираше за посветеноста на Владата за решавање на енергетската ситуација, како и кон унапредувањето на животниот стандард на граѓаните, при што веќе е зголемена минималната плата, а се работи на решенија за зголемување и на пензиите.

Во однос на ситуацијата со Украина, премиерот Ковачевски соопшти дека Република Северна Македонија најостро ја осудува руската инвазија на Украина и дека позицијата на нашата држава е на линија на нашите стратешки партнери НАТО, САД и ЕУ.

На состанокот е заеднички потврдено големото пријателство помеѓу Република Северна Македонија и Швајцарија, со определба за унапредување на соработката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.