Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став и визија кои мислат само на фотелја

0
By Marta Pesevska on June 21, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Ковачевски: Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став и визија кои мислат само на фотелја
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Не смееме да дозволиме да загубиме време, а на крајот да добиеме полошо решение. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго. Не смееме да дозволиме нова изолација, нови бранови иселувања на младите, нови барања за странски пасоши“ рече премиерот Димитар Ковачевски на младинската трибина „Младина, иднина, Европа“ во Скопје.

Тој ги повика младите на активност и гласност, да побараат европска иднина сега, бидејќи тие се главните кои бараат земјата да продолжи цврсто на патот кон ЕУ.

„Ако ја пропуштиме оваа можност, ќе пропуштиме уште 10 години. Уште една изгубена деценија. А 10 години денеска се 20 години од утре.  Каква земја ќе бидеме ако заглавиме уште 20 години во место, додека целиот свет, регион продолжи понатаму? Како ќе им погледне на младите во очи секој оној што сега сака да го кочи и блокира европскиот пат? Што ќе им каже после 10 години извинете? Што имаат младите од тоа? Ништо! Единствениот начин да им обезбедиме подобар живот на младите да живеат во европска држава е да продолжиме брзо на патот кон ЕУ. Можеме до 2030 година да успееме“ рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека сега е моментот кога имаме историска шанса и огромна поддршка од нашите меѓународни партнери.

„Кога опозицијата веќе не е против уставните измени, кога прифати дека Собранието има мандат да ги направи, кога се согласи во заедничка влада, нема причина разговорот да не продолжи. Ги повикувам да ја прифатат нашата подадена рака, заедно, братски, рамо до рамо, да седнеме, да ги договориме следните чекори и заедно да ја донесеме одлуката“ рече Ковачевски.

Ковачевски младинска трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.