Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Немаме рестрикција, намалено производство или проблем со снабдувањето, а поскапувањето на струјата е најмало во регионот

0
By Ivana on March 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние сме една од ретките држави во Југоисточна Европа која нема ниту еден ден рестрикција, намалено производство или проблем со снабдувањето, а и поскапувањето на струјата е најмало во регионот, рече генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тешко е, рече Ковачевски, да се менаџира ситуацијата во криза која дополнително е обременета и со руско-украинскиот конфликт, но ЕСМ со поддршка на Владата засега успева во тоа.

– Јас очекувам, со вакво производство, зголемено, сигурно и стабилно, како и со намалено купување електрична енергија, дека цената повторно ќе биде најмалку со зголемување не во државата, него во регионот, потенцира Ковачевски, одговарајќи на прашањето дали граѓаните можат да очекуваат поскапување на струјата.

Во ноември и декември, кога беа клучните удари од кризата, биле набавени 108 000 мегаватчасови електрична енергија за 29 579 000 евра, а во јануари и февруари 18 240 мегават часови за 4,851 милиони евра. Овие средства, како што истакна Ковачевски, се исплатени со финансиската поддршка од Владата.

– Со капацитетите во моментов не е возможно да се произведат 5 000 гигават часови. Кога имате енергетска стратегија и одите кон обновливи извори, а притоа изодите половина пат и треба да се враќате назад, повторно кон јаглен, е многу тешко. Ако со поддршка на Владата не ги ставевме во функција ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, немаше да заштедиме 37 милиони евра во државната каса, истакна Ковачевски.

Според него, дополнителна причина за зголемување на цената на берзите беше и лошата хидрологија која е ниска во цела Европа, но и ветровте кои даваат помалку енергија.

– Планот за произвоство во 2022 година е 20 отсто поголем од 2021-ва и засега, во првите три месеци, добро го исполнуваме. Притоа, не ги оставаме на страна и инвестиците. Во тек се 12 прокети, а кога дојдов на позицијата директор ЕСМ имаше нула проекти. Овие инвестиции што ги реализираме и што се во план, треба да ја подобрат енергетската состојба и тогаш можеме да зборуваме за реални цени на елчектричната енергија, напомена Ковачевски.

На прашањето за финансиската поддршка што и беше дадена на ЕСМ, директорот одговори дека тие 233 милиони денари биле позајмица за стабилизирање на финансиската ликвидност. Расположливите, пак, 174 милиони евра, се наменети, рече, за дополнителните шест продукти за кои компанијата е задолжена од Владата.

Во 2020 година ЕСМ забележала 17 милиони евра загуба, а лани 28 милиони евра, но тие, потенцира Ковачевски, не се поради лошо менаџирање.

– Во тие загуби ЕСМ не учествува поради своето производство, туку поради пониската цена кон ЕВН Хоум, ЕЛЕМ и МЕПСО. Тие се загуби кои потоа Владата ги покрива зашто се настанати согласно нејзини одлуки, а не поради наше лошо менаџирање, објасни Ковачевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.