Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Нови инвестиции на МЕПСО за сигурен пренос на електрична енергија  

0
By Соња Крамарска on November 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше на настан по повод новата инвестиција на АД МЕПСО со која започнува процесот на дигитализација на преносната мрежа. Станува збор за најсовременото решение за телекомуникациска опрема и далечински мониторинг на трансформаторските станици во МЕПСО. Проектот е во вредност од скоро 5 милиони евра и е клучен за стабилен и доверлив пренос на информации и податоци во електроенергетскиот систем на државата.

Премиерот Ковачевски истакна дека инвестициите во преносната мрежа се од голема важност за сигурен пренос на електрична енергија за граѓаните и за компаниите како и за реализација на големите проекти во секторот енергетика.

„Преку концептот на стратешки инвестиции, обезбедени се над 1.000 MW во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи и тоа со реномирани европски компании. Го поддржуваме Европскиот Зелен Договор за одржлива економија кој подразбира претворање на климатските и еколошки предизвици во можности и придобивки за државата и за граѓаните. На локацијата на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ веќе работи фотонапонската електрана од 10 мегавати во сопственост на ЕСМ“, рече Ковачевски.

Тој дополни пред започнување со градба се и фотонапонските централи по пат на јавно приватно партнерство со ЕСМ во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати.

„Во текот на 2023 година очекувам да започне со градба и уште една 10 мегаватна соларна централа во Осломеј од страна на ЕСМ. Токму сончевите електрани ќе бидат двигатели на енергетската транзиција во Северна Македонија. Во текот на следниот месец, во Собранието треба да се достават неколку закони за стратешки инвестиции, тие што беа прогласени во текот на претходните години. И тоа за ветерниот парк „Вирови“, од страна на германската компанија „Ви-Пи-Ди“, најголемата фотонапонска централа во овој дел од Европа, „СТИПИОН“ со капацитет од околу 400 мегавати, од реномираната француска компанија „Акио“, рече Ковачевски и додаде дека во мандатот на Владата има веќе инсталирано 27 мегавати фотоволтаични централи во државата „повеќе, отколку за 11 години“.

Директорот на МЕПСО, Орхан Рамадани зборуваше за важноста на оваа инвестиција во услови на светска енергетска криза.

„Се одлучивме за оваа сериозна инвестиција чии технички специфики во иднина ќе бидат во полза на енергетскиот, но и за телекомуникацискиот систем во државата. Оваа опрема е темел за добивање на „real-time” податоци за SCADA системот. Со ова решение АД МЕПСО го започнува процесот на дигитализација на преносната мрежа. Со оваа најмодерна технологија ќе се постигне домаќинско и ефикасно искористување на оптичките влакна интегрирани во заштитните јажиња на далекуводите и ќе се обезбеди шифрирање и комплетна заштита на информацијата која ќе се транспортира (сајбер безбедносна платформа“, изјави Рамадани.

АД МЕПСО Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.