Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Остануваме максимално посветени на принципите на отворена власт

0
By НОВА ТВ Balaban on February 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ги доближивме институциите до граѓаните, граѓаните ги вклучивме во креирање на политиките. Овој концепт имаше огромен придонес за земјата да се трансформира од заробена држава во отворено општество, нагласи Ковачевски.

Силната политичка волја за реформи кои ги трансформираа институциите во вистински сервис на граѓаните, останува меѓу нашите врвни приоритети. Градиме нова политичка култура која ќе биде принцип на владеење не само сега, туку и во иднина, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на конференцијата по повод десет години Партнерство за отворена власт во Северна Македонија.

Како што истакна Ковачевски, концептот на отворена власт овозможи испорака на квалитетни услуги и ја зголеми довербата кај граѓаните, а Владата ја направи потранспарентна и поодговорна.

Премиерот напомена дека земјава од последното место во 2016 година во регионот, се искачи на првото во однос на транспарентното владеење и таму е уште, веќе три години.

-Остануваме максимално посветени на принципите на отворена власт. Овој концепт е веќе проширен, го прифатија и општините и Собранието и судката власт што е наш сеопфатен придонес во владеењето на правото. Да се биде на последно место во 2016 година во регионот, да се стигне потоа на прво и да се остане на врвот три години по ред, значи работа, посветеност и одговорност, потенцира Ковачевски.

Тој се осврна на досегашните четири акциски планови преку кои се спроведени над 50 мерки и активности за правата на граѓаните и за подобрување на нивниот статус.

– Ги доближивме институциите до граѓаните, граѓаните ги вклучивме во креирање на политиките. Овој концепт имаше огромен придонес за земјата да се трансформира од заробена држава во отворено општество, нагласи Ковачевски.

Премиерот ги спомна и Отворениот трезор преку кој се намалува корупцијата и се зголемува довербата кај бизнис заедницата, како и дигитализацијата, процес кој, како што рече, е во интерес на сите.

Пред присутните се обрати и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

На конференцијата ќе биде промовиран петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023  со што воедно се одбележуваат десет години Партнерство за отворена власт во Северна Македонија.

Конференцијата е во организација на МИОА, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Центарот за граѓански комуникации и Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, кои партнерски го спроведуваат проектот „Поддршка на процесот за спроведување и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023“.

(МИА)

 

Димитар Ковачевски МИОА отворена власт Партнерство за отворена власт посветени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.