Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Подобрата иднина зависи од носење на одлуки, со неносење на одлуки државата назадува

0
By Marta Pesevska on April 3, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„ЕУ и членството во ЕУ е единствената шанса за позитивни промени во нашата држава. И тоа сите граѓани го знаат. За правењње на исчекор и во членството во ЕУ претходно и во НАТО потребна е храброст и одлучност. И ние тоа го направивме,“ рече  претседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 1, Димитар Ковачевски на дуелот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Канал 5 Телевизија.

Претседателот Ковачевски се осврна на  европскиот предлог и посочи дека преговорите воопшто не биле лесни, со оглед на тоа дека  се одвивале во најнарушени односи со Бугарија. Тој се наврати на тоа дека кога тој станал претседател на владата, тогаш биле формирани работни групи чија насока била иднината, а не минатото.

„Кога преговарате со Бугарија, Франција, а  на маса на почетокот беа прашања кои се однесуваа на македонскиот идентитет, тогаш треба и трпение и храброст и знаење тие преговори како што и направивме да бидат сведени на преговори за малцински прашања. Ние низ тие преговори поминавме еден тежок период, јас сум кажал и ќе повторам и тука чуиството е како некој со нож да ви го сече стомакот. Меѓутоа на крајот на денот вие мора да донесете одлука, за иднината и за визијата на државата. Визијата на државата и иднината, подобрата иднина,  зависи од носење на одлуки, а не од неносење на одлуки. Со неносење на одлуки државата останува во статус кво, односно назадува,“ порача Ковачевски.

Лидерот на СДСМ се наврати на тоа дека патот кон ЕУ на Македонија е започнат во 2005 година, заедно со Хрватска. Додека Хрватска се европеизираше, рече Ковачевски,  ние од 2005 година  до 2016 година се антиквизиравме и затоа велам дека ЕУ предлогот е најдобриот предлог кој Македонија  можеше да го добие, предлог со кој имаме заштитен македонски јазик, култура и идентитет, дел од мозаикот на култура и идентитети на европските народи и денес преговораме со ЕУ.

Мицкоски не е загрижен, тој е неодлучен и нема лидерство

„Господинот Мицкоски не е загрижен, тој е само неодлучен, а тоа не е лидерска карактеристика. Човек кој што е неодлучен, кој што никогашн е може да донесе одлука, на крај може и да биде загрижен“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека и при рефенредумот за името, пред влезот во НАТО, Мицкоски немаше став и ден денес никој не знае кој беше ставот на Мицкоски тогаш и дали излезе на рефенредумот.

„Ние добивме многу јасна преговарачка рамка, таа преговарачка рамка гарантира заштита на македонскиот јазик бидејќи целото европско законодавство се преверува на македонски јазик, вие бевте присутни во Брисел кога на преговарачките кабини засвете македонскиот јазик, Брисел отвори конкурс за запослување на преведувачи на македонски јазик и го потпишавме договорот Фронтекс на македонски јазик, прв договор потпишан со ЕУ одобрен од сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и Бугарија и Грција на македонски јазик“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека има и пресуда од суд во Грција, кој што признава дека македонскиот јазик може да се употребува, што било незамисливо во минатото.

„Храбрите одлуки секогаш носат напредок и носат визија и да има политичари како мене, има политичари како Стево Пендаровски, има политичари во СДСМ за разлика од политичари во ВМРО-ДПМНЕ кој никогаш не донеле никаква одлука, кои што имаат храброст да донесат одлуки со кои што ќе им обезбедат посветла иднина на македонските сегашни и идни генерации, а таа иднина е во ЕУ, а не во изолација и на изнаоѓање на изговори зошто некој работи да не се направат“ рече Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.