Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски прифаќа лидерска само за стратешки прашања, ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за предвремени избори

0
By Sashko on May 9, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рокот кој го даде ВМРО-ДПМНЕ за почеток на разговори за предвремени избори истекува денеска, а доколку нема договор за лидерска по ова прашање, опозициската партија од утре најави активна блокада на Собранието. Премиерот Димитар Ковачевски вчера беше дециден дека лидерска средба заснована на уцени и закани нема да има, а најавената блокада во време на војна во Украина и во услови на криза ја смета за неодговорен чекор.

Од спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје каде се одржа Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“, премиерот рече дека лидерска средба може да има, но за прашања кои се стратешки, кои значат подобар живот на граѓаните и кои се однесуваат на справување со енергетската криза.

„Лидерска средба заснована на уцени и закани, а го гледаме претседателот на ВМРО ДПМНЕ одбројува како во некој лош акционен филм, таква лидерска средба нема да има, тоа е ставот на сите политички партии, дури и од партии кои се во опозицискиот блок“, истакна Ковачевски.

Тој за најавата за блокада на Собранието од најголемата опозициска партија во време на војна во Украина и во време кога цените на енергенсите и храната постојано растат, рече дека е неодговорна и е за политички цели.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пак, Македонија се наоѓа во неколку кризи. Енергетска која, според нив, е предизвикана од криминалот и неспособноста на раководните лица во енергетиката и Владата и економска, која е резултат на ненавременото планирање, неспособноста и криминалот.

„И двете големи кризи се резултат на СДСМ и ДУИ. И тие не можат да бидат решение. Зошто не знаат, и немаат план“, порачуваа од опозициска партија и вчера повторно побараа од Ковачевски да договорат датум за избори.

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) вчера излезе со анкета која била спроведена во периодот меѓу 4 и 6 мај на примерок од 1.111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. На прашањето дали Владата, предводена од СДСМ треба да остане на власт до крајот на мандатот во 2024 година или се потребни предвремени парламентарни избори, 39,1 отсто се определиле за предвремени избори, 32,5 проценти сметаат дека треба да остане на власт, а 28,4 отсто одговориле со „не знам“.

По објавувањето на анкетата вчера СДСМ истакна дека ова истражување е очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ со нарачани и лажирани анкети да го храбри Христијан Мицкоски во своите дестурктивни чекори и блокади.

СДСМ порача дека лажирани анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатите шест месеци ниту пак, како што истакнуваат, криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Оваа агенција и во 2020 година предвидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи. Предвидувањата им беа неточни, ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори доживеа пораз. Ниту една лажна анкета нема да му помогне на Мицкоски“, истакнуваат социјалдемократите и порачуваат дека имаат план и дека ќе се спротивстават на обидите за блокада, со цел потребните законски измени да бидат донесени во интерес на граѓаните и државата.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница во средата минатата недела му даде поддршка на Мицкоски за активна блокада на Собранието.
Партискиот потпретседател Александар Николоски по седницата најави дека оваа „активна блокада ќе трае во континуитет се до промената на власта“.
Таа ќе подразбира филибастеринг, илјадници амандмани на секој владин проект, бескрајни пратенички дискусиии, блокирање на работата на комисиите и пленарните седници. Мицкоски претходно истакна дека блокадата ќе се однесува на се во Парламентот, освен на оние закони кои се однесуваат за помошта кон граѓаните за повисоки плати и пензии.
Во меѓувреме во Собранието се блокирани повеќе законски решенија како што се Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата, итн., а до крајот на мај во Собранието треба да се најде и најавениот ребаланс на Буџетот.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.