Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: РЕК Битола е столбот на македонската економија и основата на македонската енергетика веќе 40 години

0
By Соња Крамарска on November 5, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски по повод 40 години – Рударско – енергетски комбинат (РЕК) Битола ја посети машинската сала на термоелектраната на РЕК Битола, по што говореше на свеченоста по повод јубилејот. Во своето обраќање тој истакна дека РЕК Битола е енергетски капацитет од кој зависеше осамостојувањето на нашата држава. Ковачевски, упати честитки до сите вработени и раководството кои се подготвени да го издржат товарот на најголемата светска енергетска криза. Ковачевски во обраќањето се осврна и на актуелните владини мерки за ублажување на ценовниот шок, како и на важноста од вложувањата на среден и долг рок за успешна енергетска транзиција и одржлива иднина на РЕК Битола.

„РЕК Битола беше и сè уште е срцето на македонската енергетика. Беше и сè уште е столбот на македонската економија. И денес во услови на најголемата светска енергетска криза, РЕК Битола е доминантен производител на електрична енергија во земјава“, истакна Ковачевски.

Во моментов, рече тој, со наша заедничка заложба, АД ЕСМ, а во најголем дел РЕК Битола, успешно и континуирано обезбедува 100 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во државата во кои се вработени најголемиот дел од нашите работници.

Ковачевски рече дека за да може да ги обезбеди потребните количини на електрична енергија, РЕК Битола годинава го зголеми проектираното производство, за 25 отсто во однос на минатата година покажувајќи уште еднаш колку е вредно домашното производство на енергија.
„Со новите владини одлуки кои ги објавивме минатата недела, обезбедуваме поевтина струја и тоа, 80 евра по мегават/час за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи, со цел стабилизирање на цените на финалните производи. Веќе беше јавно соопштено од производителите дека со оваа одлука цените би требало да се намалат за најмалку 10%. 95 евра по мегават/час за основните и средни јавни училишта којашто ќе биде висина на цена на електрична енергија која тие ќе можат да ја поднесат и ќе може да се обезбеди непречено одвивање на наставно образовниот процес во државата“, нагласи Ковачевски.

„Честитки и за почетокот на изградбата на топловодот од РЕК Битола до Битола, за постапката која веќе е во завршна фаза за отворање на новиот рудник Живојно кој ќе биде трет во рамките на комбинатот, а во моментов активни се и рудникот Подински Јагленови Серии кој физички е лоциран на местото кадешто беше рудникот Суводол, и рудникот Брод Неготино“, додаде тој.

„Во текот на 2023 година очекувам да започне со градба и уште една десет мегаватна соларна централа во Осломеј од страна исто така на ЕСМ. Ветерниот парк „Вирови“, од страна на германската компанија „Ви-Пи-Ди“, најголемата фотонапонска централа во овој дел од Европа, „СТИПИОН“ со капацитет од околу 400 мегавати, од реномираната француска компанија „Акио“ се исто така дел од проектите на коишто работи Владата и кои наскоро треба да се најдат пред пратениците“, информираше Ковачевски.
Во наредните две години, објави тој, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кој се потпишани договори во изминатите две години. Издадени се овластувања за изградба на три ветерни електрани со вкупен инсталиран капацитет од 11 мегавати на приватни инвеститори. Првиот ветерен парк „Богословец“, треба официјално да започне со работа веќе на крајот на идната година. Таму веќе почнуваат да пристигаат ветерните турбини.

Димитар Ковачевски јубилеј РЕК Битола
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.