Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Рекордни 26 милиони евра денеска се исплатија за субвенции за тутун, ова е вистинска грижа за стратешките гранки

0
By Marta Pesevska on April 27, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Денеска се исплатени субвенциите за тутунот од реколтата за 2022 година. Вкупно се исплатени над 26,3 милиони евра на сметките на речиси 16.000 тутунопроизводители. Ова е вест што треба да ја слушнат сите тутунопроизводители“, порача премиерот Ковачевски, од седницата за пратенички прашања, денеска во Собранието на Република Северна Македонија.

„Ова е наша стратешка култура, тоа се вредни луѓе пред сè од прилепскиот регион, меѓутоа и од другите региони каде што се произведува тутунот и треба да знаат сите граѓаните дека во услови на најголема криза, државата обезбеди, прво, највисока рекордна цена на тутунот и второ дополнителна субвенција, со што оваа година имаме рекордни резултати во производството на тутун. Ова се пари, кои значат директна поддршка за тутунопроизводителите, пари кои ќе можат да ги реинвестираат и се најголемата исплата на пари за тутун досега“, рече премиерот.

Откупот на тутунот, како што рече премиерот, од реколтата 2022 година, заврши со исклучително позитивни резултати. „Започна на време и тоа со повисока просечна откупна цена, повеќе склучени договори, поголемо планирано количество за откуп, подобар квалитет на тутунот. Во рок од еден месец беа откупени околу 90% од вкупно договорената количина тутун, што укажува дека оваа реколта има добар квалитет на тутунот. За реколтата 2022 година беа склучени 29.429 договори што е за околу 6% повеќе од минатата година кога биле склучени 27.712 договори. За оваа реколта 2023, бројот на склучени договори е зголемен на 30.610 договори“.

Откупот на тутунот, како што рече премиерот, стартуваше со повисока просечна откупна цена од скоро 30%, споредено со претходната 2021 година. Според податоците од инспекторатот, од реколта 2022 година се откупени вкупно 20.880 тони суров тутун во лист со просечна откупна цена од 288,10 ден/кг, што претставува зголемување за 45%  во однос на реколта 2021 година.

„Ова се историски највисоки откупни цени за тутунот во последните десет години! Ќе кажам еден податок што ја потврдува мојата констатација, а тоа е дека од 2014 година до денес откупната цена на тутунот е зголемена за околу 146 %.

Повисоката откупна цена на тутунот од реколта 2022 година е резултат на повисокиот квалитет на тутунот во однос на реколта 2021 година, затоа што со новиот модел на субвенции за тутунот, ги мотивиравме тутунопроизводителите да произведуваат поквалитетен тутун, за да постигнат повисока откупна цена.

И тука ќе им одговорам на пратениците од опозицијата коишто поставуваа прашања за нашиот министер за транспорт и врски, во нивно време министерот одеше по прилепско по откупни центри и кажуваше на кој тутунар која класа му е тутунот, ако е од ВМРО-ДПМНЕ пиши прва класа, ако не е од ВМРО-ДПМНЕ втора и трета класа, така беше во нивно време и затоа откупните цени беа ниски, затоа субвенциите каснеа и затоа имаше помало производство на тутун.

За прв пат оваа Влада донесе нов модел за зголемени субвенции за тутунот според којшто субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Овој модел беше мотивација за тутунарите да произведат повеќе и поквалитетен тутун, за да остварат повисока субвенција, но и повисока откупна цена“, посочи премиерот Ковачевски.

Паралелно со новиот модел за субвенции, како што посочи премиерот Ковачевски, се донесе и нов Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, со којшто се решија сите отворени прашања што го оптоваруваа производството и откупот на тутун.

„Покажавме интерес за тутунопроизводителите во време на криза, меѓутоа мора да се потсетиме и на помошта којашто се даде на тутунопроизводителите во време на Ковид кризата. Ова е сериозна посветеност и вистинска за тутунопроизводителите. Продолжуваме со истото темпо за развој на земјоделството и понатаму. Северна Македонија има ресурси, има плодна почва, идеална клима, вредни земјоделци, затоа и ќе продолжиме со владините мерки, да дадеме поддршка и земјоделството да е двигател на македонската економија“, порача од Парламентот, премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски субвенции за тутун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.