Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Со новиот модел за субвенции го зголемуваме домашното производство на храна и ги поддржуваме земјоделците

0
By Соња Крамарска on October 13, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Денес сме тука затоа што како и целиот свет и ние сме пред голем предизвик за тоа како да обезбедиме доволно храна за сите, нешто што мислевме дека во 21 век, векот на изобилство, не може да ни се случи. На еден суров начин, војната во Украина го потсети целиот свет кои се врвните приоритети, а тоа се енергенси и храна. Нѐ потсети дека дома, домашното производство е основата работа која што мораме да ја направиме. Мораме да се осигураме дека домашното производство на земјоделски производи и храна е поголемо, стабилно, дека ќе имаме доволно храна за нашите граѓани. Дека ќе произведеме доволно за дома, но и за извоз, за да ја зајакнеме економијата“, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
премиерот.
Ковачевски им заблагодари на земјоделците, како што рече, за нивната макотрпна работа и информираше дека денес се одржала посебна тематска седница на Владата за земјоделство, на која е усвоен нов модел за финансиска поддршка.
„Се работи за модел креиран по европски терк, поефикасен и прилагоден на предизвиците што ни ги донесе кризата. Досегашниот систем според кој земјоделците добиваа субвенции без да прикажат дека оствариле производство, се заменува со нов „decoupling систем“. Со овој нов модел земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите која ќе ја добиваат во тековната година кога конкурирале за субвенцијата, односно тогаш кога им се најпотребни пари за да имаат одржливо земјоделско производство. Ги мотивираме земјоделците да произведат повеќе храна. Дополнителна поддршка добиваат оние земјоделци кои ќе се насочат кон производство на стратешките култури, со користење на сертифицирано семе и производот ќе го предадат кај регистрирани капацитети или земјоделски задруги“, истакна Ковачевски.
„Само кај производството на сончоглед кај што се примени како пилот проект овој нов систем на decoupling на субвенциите во земјоделството, оваа година имаме дупло поголемо производство на сончоглед со исто ниво на субвенции во споредба со минатата година“, дополни тој.
Премиерот рече дека со новиот модел не е предвидено намалување на средствата наменети за земјоделците, туку нивна поефикасна распределба и побрза исплата.

Ковачевски потсети и дека за првпат е донесен „Национален план за производство на храна“, кој ќе овозможи увозна независност, и според кој веќе има зголемени површини за производство на пченица од 15.000 хектари.
„Планот вклучува и Интервентна програма за која со ребалансот за годинава се обезбедија дополнителни 500 милиони денари, со што вкупната вредност на оваа програма достигна 900 милиони денари. Мерките од оваа програма веќе се реализираат и истата се дополни со мерка за есенската сеидба. Досега преку оваа програма се исплатени близу 533 милиони денари на 8.713 земјоделци за набавка на вештачко ѓубриво за житни култури и за сточарство“, рече Ковачевски.
Тој дополни и дека е обезбедена фиксна директна финансиска поддршка за сите земјоделци и за сите култури по обработлива површина, а преку дополнителни мерки ги помагаат и стратешките култури.

„За сите земјоделци обезбедивме поддршка од 50 отсто за покривање на трошоците за набавка на зелена нафта за да имаат поекономично производство. Со законски измени веќе обезбедивме можност поддршката за зелена нафта да биде 100 отсто“, изјави тој.
Дополнително, нагласи премиерот, во новиот пакет антикризни мерки за справување со енергетската криза вреден 360 милиони евра, планирани се субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор, за зголемување на приносите и на продуктивноста, во износ од над 52 милиони евра.
„Северна Македонија е земјоделска земја, имаме плодна земја, имаме најубави домати, пиперки, грозје, јаболка. Имаме над 280 сончеви денови во текот на годината, имаме вода, ветар, и пред сѐ имаме вредни земјоделци. Правиме сѐ овие климатски предуслови да ги искористиме, затоа што нашата цел е овој сектор да прерасне во профитабилна и базична гранка, на која ќе го темелиме економскиот раст“, истакна Ковачевски.

Димитар Ковачевски нов начин на доделување субвенции во земјоделството
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.