НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски утре очекува од пратениците државничко однесување и трезвеност

0
By НОВА ТВ Balaban on July 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозицијата, за жал, едноставно нема капацитет за државничко однесување. Тие воопшто не се заинтересирани за суштинска дискусија за европскиот предлог, со кој ни се нуди почеток на преговорите. Тие бараа да се изменат четири позиции во предлогот кои всушност се веќе инкорпорирани. Нивните изјави и барања се чиста манипулација, вели премиерот Ковачевски.  

За одлуката во Собранието очекувам плодна и суштинска дискусија, очекувам дека пратениците ќе бидат на ниво на задачата, која е пред нив и дека ќе размислуваат државнички и трезвено, како им доликува, како претставници на народот, а не само на политичките партии, изјави денеска во интервју за МИА премиерот Димитар Ковачевски, во врска очекувањата од утрешната седница во Собранието, на чиј дневен ред е францускиот предлог.

Ковачевски нагласи дека во Собранието најпрво ќе се отвори дискусија, а потоа и ќе се донесат заклучоците, со кои ќе се задолжи Владата да постапува согласно одредени принципи од кои нема да смее да отстапи, а сѐ со цел заштита на позициите, кои, како што рече, нам како држава ни се најважни во целиот овој процес.

– Во оваа насока, СДСМ прави напори да дојде до предлог заклучоци кои би биле прифатливи за сите партии, а кои ќе го отворат патот за прифаќање на предлогот и ќе овозможат отпочнување на преговорите, нагласи Ковачевски.

На прашањето зошто воопшто вакви заклучоци, доколку тие немаат влијание врз предлогот, Ковачевски вели дека заклучоците кои ќе се донесат практично ќе ја задолжат Владата на Република Северна Македонија, во процесот на преговори да води исклучителна грижа за нашите црвени линии, односно да се обврзе на заштита на националниот идентитет и сите наши специфичности да бидат зачувани и заштитени.

– Ние знаеме кои сме и тоа никој никогаш не може да го смени. Ние сме Македонци, зборуваме на македонски јазик и имаме специфични културни обележја, традиција и обичаи кои си ги негуваме и почитуваме секојдневно. И со таа мисла и на тој начин го правиме првиот чекор кон ЕУ, така и ќе влеземе во ЕУ, како Македонци со нашиот македонски јазик и идентитет, изјави Ковачевски во интервјуто за МИА.

На прашањето дали навистина се заштитува македонскиот јазик и стравувањата дека постојат замки, особено со унилатералната изјава, Ковачевски одговара дека со отпочнувањето на преговорите, целосното законодавство на ЕУ ќе се преведе на македонски јазик.

– Секој искажан или напишан збор, ќе биде кажан и напишан и на македонски јазик. Поголема потврда и заштита за важно идентитетско прашање од ова нема. Со ова се затвора еднаш засекогаш темата со идентитетот, додава тој.

За протоколот, дали е усогласен, дали го видел и кога ќе ѝ биде достапен на јавноста Ковачевски одговара: „Најпрво, сакам да е кристално јасно – протоколот е всушност записник од состанок меѓу министерствата за надворешни работи, билатерален документ кој не ја условува преговарачката рамка. Всушност, протоколот воопшто не е ни спомнат во преговарачката рамка. Дотолку повеќе протоколот потврдува дека тој не е поврзан и не ги условува почетокот на преговорите. Од таа причина, апелирам да не се шпекулира и за содржината и за важноста на овој документ”.

Премиерот вели дека она што е важно да се знае за протоколот е дека тој се работи на база на реципроцитет.

– Ние инсистираме на тоа. Тоа значи дека обврските или задачите кои ќе си ги поставиме ние и Бугарија како две држави, билатерално, тие важат и за двете страни. Никој нема мандат да прифаќа еднострани барања ниту пак може да дејствува по нив. Реципроцитетот како принцип е основа за сѐ што се работи, додаде Ковачевски.

Во интервјуто Ковачевски се осврнува на протестите, на можноста за приближување на ставовите со опозицијата, на стабилноста на владината коалиција, но и на економски теми во момент кога во Собранието се носи ребалансот на буџетот, а се очекуваат и соодветни одговори на економската криза.

Премиере, каде е компромисот за Северна Македонија со францускиот  предлог, МНР постојано усогласува и преговара, а кој е компромисот на Софија? Интересно е дека Еди Рама, Александар Вучиќ не кријат дека нешто се добива, нешто се губи, имаме ли информација каква е преговарачката рамка за Албанија на пример. Дали и таму влегуваат билетаралните несогласувања на Албанија со Грција, која исто е членка на ЕУ или ова е специјален однос на Брисел само за Северна Македонија и има ли рок до кога Скопје треба да се изјасни за предлогот?

– Секоја преговарачка рамка е специфична сама за себе и одговара на приликите на секоја земја поединечно.

Конкретно, она што е добро за нас, а што ние во изминатиот период сме го испреговарале и сме го договориле да е во наша полза, односно за кое бугарската страна отстапила, е на пример јасната позиција за јазикот. Ако се сеќавате, бугарската страна воопшто не сакаше да има назнака за македонскиот јазик во ниту една форма. Ние денес имаме чист македонски јазик во преговарачката рамка. И тоа не само што не е мала работа, туку е суштествена за нас како држава. Ние успеавме од неповолна позиција, знаејќи дека тоа се нашите црвени линии, да дојдеме до решение кое е апсолутно позитивно за нашиот народ.

Дополнително, Бугарија, дури и во драфт предлогот кои ние го одбивме во Брисел,  беше на став дека треба да се промени Уставот за да се внесат Бугарите пред почетокот на преговорите, дека без таа промена, за нас преговорите не можат да почнат. Официјалниот предлог на Европската Унија сега предвидува најитно започнување на преговорите, успеавме да најдеме решение, односно, уставната промена треба да се случи по отворањето на преговорите, после фазата на скрининг, а пред отворањето на поглавјата.

Исто така, работната верзија на  францускиот предлог, кој јас јавно го одбив во Брисел, предвидуваше протоколот да биде целосно споменат, односно предвиден да биде ставен во преговарачката рамка. За отворањето на поглавјата пак, беше оставено да се одлучува повторно и дополнително, односно беше предвидено да не се отворат поглавјата по автоматизам.

Ова за нас не беше прифатливо и низ дијалог и преговори, успеавме да ги заштитиме нашите позиции. Протоколот го нема во преговарачката рамка, отворањето на поглавјата е загарантирано по автоматизам со случувањето на првата меѓувладина конференција, а по промените во Уставот, без нови политички одлуки и без одлагање.

Францускиот предлог сега е пред пратениците, имаше забелешки од опозицијата дека документите не се комплетирани, материјалите вчера беа испратени. Прво беше проблем зошто Владата да решава, а не народ односно пратениците, сега е во Собрание и велат да се врати. Какви се вашите очекувања од собраниската седница?

– Опозицијата, за жал, едноставно нема капацитет за државничко однесување. Тие воопшто не се заинтересирани за суштинска дискусија за европскиот предлог, со кој ни се нуди почеток на преговорите. Тие бараа да се изменат четири позиции во предлогот кои всушност се веќе инкорпорирани. Нивните изјави и барања се чиста манипулација.

Погледнете ги нивните изјави во последно време, одбијте го предлогот, а ние ќе отстапиме од барањето за предвремени избори и ќе го одблокираме Собранието. Тоа кажува само едно, дека нивната единствена цел е власта, само за тоа разговараат, само тоа се нивните барања. Не ги интересира воопшто иднината на државата и можностите кои се отвораат пред нас.

Истото се случува и со хистеријата за бугаризација и асимилација. Ниту се случува ниту ќе се случи некаква бугаризација, ниту асимилација. Од проста причина што никој нам не може да ни направи ништо и без наша волја. Досега низ историјата ниту некој успеал да нѐ асимилира, ниту нѐ асимилирал, ниту пак ќе се случи да нѐ асимилира. Ние знаеме кои сме и тоа никој никогаш не може да го смени. Ние сме Македонци, зборуваме на македонски јазик и имаме специфични културни обележја, традиција и обичаи кои си ги негуваме и почитуваме секојдневно. И со таа мисла и на тој начин го правиме првиот чекор кон ЕУ, така и ќе влеземе во ЕУ , како Македонци со нашиот македонски јазик и идентитет.

Тоа што опозицијата користи флоскули како бугаризација и асимилација само покажува безидејност и страв дека кога државата ќе тргне напред, со започнувањето на преговорите за членство во ЕУ,  за нив, за сите оние кои немаат една визионерска клетка во себе ќе нема пак можност да ја влечат земјата назад и надоле. Ќе нема како да се сеат лаги дека ќе нѐ снема, бидејќи токму спротивно од тврдењата, нашиот македонски јазик и идентитет ќе е заштитен. Со отпочнувањето на преговорите, целосното законодавство на ЕУ ќе се преведе на македонски јазик. Секој искажан или напишан збор, ќе биде кажан и напишан и на македонски јазик. Поголема потврда и заштита за важно идентитетско прашање од ова нема. Со ова се затвора еднаш за секогаш темата со идентитетот.

За одлуката во Собранието, очекувам плодна и суштинска дискусија. Очекувам дека пратениците ќе бидат на ниво на задачата која е пред нив и дека ќе размислуваат државнички и трезвено, како им доликува, како претставници на народот, а не само на политичките партии, вели Ковачевски во интервјуто.

државничко однесување интервју премиерот Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.