Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Во Македонија не постои антибугарска омраза и хистерија како што некој сака да презентира

0
By Соња Крамарска on January 26, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ја уверувам македонската јавност дека Министерството за внатрешни работи ќе направи се согласно сите закони, согласно Устав чествувањето на 4 февруари – роденденот на Гоце Делчев, да биде на достоинствен и мирен начин и ќе биде гарантирана безбедноста на сите граѓани во државата, рече премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница одговарајќи на прашање од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.

Одговарајќи на прашањето дали Владата ја разгледа препораката на Пендаровски за прогласување на персона нон грата на неколку државјани на Република Бугарија, премирот рече дека во државата на странец кој има намера да присуствува до 90 дена во државата или во било кој период до 180 дена, може да му се забрана за влез во земјата доколку е лице за кое во системот за контрола на патници е издадено предурпедување за забрана за влез доколку претставува закана за јавниот поредок, националната безбедност, меѓународни односи на државата или закана за јавното здравје.

„Согласно извештаите и анализите кои ги имаат безбедносните служби и кои ги има МВР, на денот на одбележувањето и во деновите пред тоа, МВР ќе постапи согласно информациите и податоците кои ги има од свои извори и нормално од службите и согласно со заклучуокот на Владата, МВР да биде задолжено да обезбеди мирно и достоинствено одбележување на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев“, посочи Ковачевски.

Настанот, како што рече, е карактеризиран како настан од висок ризик во однос на изјавите кои доаѓаат и од внатре и од надвор и согласно тоа МВР, додаде, е задолжено согласно своите процедури и закон да организира мирно чествување и за таа цел МВР веќе ги презема потребните активности.

„Во однос на случувањата кои ја окупираат јавноста по настанот во Охрид и реториката после тоа, тоа што можам да кажам е дека во Македонија не постои антибугарска омраза и хистерија како што некој сака да презентира. За последните инциденти и сите останати има одговорни лица, тоа се акти на поединци и не може цела држава и нација да се обвини за постапка на неколкумина поединци. Македонија ги презема сите дејствија согласно Устав, закони и процедури во надлежните министрства и органи кои не се дел од Владата и продолжува да биде конструктивен партнер во регионот и во ЕУ“, нагласи Ковачевски.

 

Димитар Ковачевски односи со Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.