НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Време е за мудри одлуки, предлогот е сло сите наши забелешки и има чист став за јазикот

0
By Sashko on July 3, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изразени ставови и за тоа не треба да имаме никакви дилеми. Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Ова беше најважното прашање за нас и затоа сакам да сум кристално јасен. Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања и астерикси, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Клубот на пратеници, во рамки на широките консултации во врска со францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија (ЕУ).  

Ковачевски истакна дека предлогот ги става билатералните и историските прашања надвор од преговарачката рамка.

„Отворените прашања треба да бидат затворени, но за тоа ќе имаме време се додека истите не се достоинствени и за двете страни. Европската унија посочува дека тоа треба да се реши на билатерална основа и затоа ова не е никако дел од рамката за преговори. Добрососедските односи како такви се фундамент на ЕУ. Ние сме се согласиле дека ќе го прифатиме тоа како факт уште во 2001 година кога е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во тој дух, по тој принцип и по таа воспоставена пракса наша обврска како членка на Унијата ќе биде да работиме на добрососедските односи и тоа ќе го правиме преку исполнување на Договорот за добрососедство исто како што го правиме и со исполнување на Договорот од Преспа“, рече премиерот.  

Посочи дека Протоколот меѓу Македонија и Бугарија не е нотиран и не е дел во преговарачката рамка. Тоа е билатерален документ, кој не е дел од европскиот пакет.  

„Овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните приговори на Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март во 2020 година. Преговорите со ЕУ ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесување на нашата одлука за прифаќање на предлогот. Сите сме свесни за чувствителноста по однос на ова прашање. Лесно е да отфрлиме, да одложиме, да изберме нова неизвесност. Но, во овој историски момент е потребно рационално размислување со ладна глава, потребна е мудрост и одговорност и објективно анализирање на сите сценарија грижејќи се за иднината за нашите деца. Од ова прашаење не смееме да правиме дневна политика. Ова е историски важно и стратешко прашање на кое секој политичар, граѓанин треба да му пристапи многу сериозно“, кажа Ковачевски.  

Тој апелира сите да се држат до фактите, до официјалните документи и нивната правилна интерпретација. Ги повика сите политички чинители да ја земат предвид големината на задачата и да постапуваат конструктивно, одговорно и државнички.

Нагласи дека Владата доследно се држи до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед, го штити националниот интерес и македонскиот јазик и идентитет.  

„Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме и за кои Собранието усвои Резолуција и тоа го направивме и тоа го правиме. И тоа се уште го правиме и ќе го правиме во секој следен чекор од овој процес“, рече премиерот.  

Ова, според него, е историски момент за земјата, еден од ретките како што е независноста на Република Македонија, како Охридскиот договор, Договорот од Преспа.

„Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел – полноправно членство во ЕУ. Тоа е нешата визија и тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата затоа што им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки“, порача Ковачевски во изјавата за медиуми по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.