Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски за даночните реформи: Нема нови ниту зголемени даноци, а ни прогресивно оданочување

0
By Соња Крамарска on December 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
Од денешната прес-конференција
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими го презентираа новиот концепт на даночна реформа. Новата даночна реформа е дел од Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025), каде се утврдени главните цели на даночните реформи, поставени во пет приоритети.

Ковачевски рече дека не се предвидуваат нови даноци, ниту пак ќе има даночно зголемување, и најави дека данокот на личен доход останува со единствена стапка од 10 посто и дека нема да стапи на сила прогресивното оданочување кое беше планирано од 1 јануари 2023.
Премиерот објави и дека данокот на добивка останува 10 посто и нема да се зголеми, исто како и ДДВ кој останува 18 посто, нема да се оданочуваат ниту каматите на депозитните и на штедните влогови.

Нашата визија, рече Ковачевски, е да креираме праведен, ефикасен, модерен даночен систем, кој ќе има улога во одржување на здрави макроекономски фундаменти, ќе го поддржи економскиот развој, ќе даде поддршка во општествено корисните процеси, па дури и ќе има корективна улога, како во случајот со зелените даноци.

Тој појасни дека подготовката на реформите на даночната политика е направена во консултација и со меѓународните финансиски институции и дека приоритет во јавните финансии е фискалната консолидација.
„Податоците покажуваат дека наплатата на даноците како процент од БДП кај нас, е под процентот на земјите во регионот и воедно е далеку под просекот на земјите во ЕУ и развиените земји. Само за илустрација, во однос на земјите од Западен Балкан, имаме убедливо најмало даночно оптоварување. Во 2020 година учеството на даночните приходи во БДП кај нас изнесуваше 16,1 посто, во Црна Гора 23 посто, Косово 22,3 посто, Србија 20,1 посто и Албанија 17,3 посто“, рече Ковачевски.

„Новината е дека од следната година нема да се применува прогресивно оданочување. Конкретно, тој концепт на прогресивно оданочување се укинува и продолжува примената на оданочување на остварениот доход со единствена стапка од 10 посто, што е и одговор на барањата од деловната заедница, но и на граѓаните“, вели шефот на Влада
Втората група мерки подразбира измени на законите со кои се опфаќаат даноците и даночните политики со кои ќе се намали административниот товар за даночните обврзници, но и за Управата за јавни приходи. Со овие решенија ќе се спречи злоупотреба на даночно ослободување и даночна евазија.

На пример, со новиот концепт, се утврдува механизам со кој ќе се оневозможи злоупотреба на системот за ослободување од данок на добивка при реинвестирање. Задолжувањата при злоупотреба, односно казните би биле петкратно повисоки од самото искористено ослободување од данок на добивка.

Третата група на мерки од новиот Концепт се однесува на измена на неколку законски решенија кои содржат даночни прашања. Тоа се Законот за вработување на инвалидни лица и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, како и мерки за кои е потребно донесување на нов закон за доброволно социјално осигурување.

Со ова решение, хонорарците доколку сакаат, на доброволна основа, односно по сопствена волја, ќе можат самостојно да ги регулираат придонесите за пензиско и здравствено осигурување.

Во четвртата група на даночни решенија се опфатени неколку нови иницијативи во делот на данокот на додадена вредност, односно во регулатива за повластени даночни стапки.

„Една од новините во оваа група мерки е намалувањето на стапката на ДДВ од 18 посто на 5 посто за производи за менструална хигиена како наш придонес во борбата со менструална сиромаштија. Имено, врз основа на иницијативите од страна на група пратеници како и од граѓанскиот сектор, со новиот концепт на даночна реформа направивме решение кое ќе овозможи поголема достапност на овие производи до сите жени и девојки независно од економската положба и куповната моќ“, изјави Ковачевски.

С.К.

 

даночни реформи Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.