Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 2.182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи на Ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни (302), регистрирани се 35 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица од: две починати лица од Скопје (79г и 81г) и по едно починато лице од Струмица (72г), Струга (80г) и Битола (90г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (88г), починатиот е пријавен на 07.03.2022 . Пријавеното лице е починато во домашни услови. Сите починати лица (6), се со регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 315 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.016, бројот на оздравени пациенти е 289.847, на починати е 9.123 а бројот на активни случаи изнесува 2.046.