Во последните 24 часа, регистрирани се 838 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последното деноноќие регистрирани се 20 починати лица: 10 починати лица од Скопје (69г, 73г, 76г, 77г, 77г, 80г, 81г, 83г, 84г и 85г), 3 починати лица од Тетово (64г, 72г и 74г) и по едно од Кочани (70г), Кратово (84г), Крива Паланка (71г), Куманово (68г), Неготино (83г), Прилеп (83г) и Струмица (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од Скопје (2). Починатите лица се на возраст од 77г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 14.02.2022. Починатите лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица биле регистрирани коморбидитети.
Направени биле 4.078 тестови. Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции.
Регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 292.660, бројот на оздравени пациенти е 275.948, на починати е 8.891, а бројот на активни случаи изнесува 7.821.