Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 53 случаи на ковид-19, оздравеле 103 пациенти и не е регистрирани ниту еден смртен случај.
Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје – 22, во Охрид – пет, во Прилеп и во Кавадарци – по четири, во Битола и во Велес – по три, во Тетово, во Штип и во Ресен – по два, во Куманово, во Гостивар, во Гевгелија, во Неготино, во Крива Паланка и во Кратово – по еден.
Регистрирани сe 103 оздравени пациенти од Скопје – 75, од Кавадарци – пет, од Битола, од Велес и од Штип – по четири, од Ресен – три, од Прилеп и од Кратово – по два, од Куманово, од Тетово, од Кочани и од Радовиш – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ е пријавено едно починато лице од Скопје (82 год.) на 10 септември.
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.679 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.519, бројот на оздравени пациенти е 332.422, на починати е 9.527 а бројот на активни случаи изнесува 570.