53 нови случаи на Ковид – 19 од направени 2.691 тестирања се регистрирани во псоледните 24 часа. Најмногу новозаразени има во Скопје – 29, Прилеп – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2,Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати пациенти: 5 од Скопје, три од Струмица, двајца пациенти од Битола и по еден од Тетово, Гостивар и Струга . Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.
Регистрирани се 111 оздравени пациенти.