Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид вакцинацијата како дипломатско оружје

0
By Нова ТВ on April 6, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ковид-19 пандемијата, која безсомнено имаше огромни ефекти врз здравјето и економијата на глобално ниво, сега станува важен фактор во дипломатската политика на повеќе светски и регионални сили.

На 5ти април, 2021 администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден назначи координаторка за глобална Ковид дипломатија. На оваа позиција беше назначенa Гејл Смит, поранешната координаторка на USAID за време на претседателските мандати на Барак Обама, од страна на државниот секретар Антони Блинкин. Назначувањето на Смит индицира одредена поврзаност на администрацијата на Бајден со поранешната администрација на Обама каде тој самиот беше потпретседател.

„Знам дека многу држави бараат САД да прави повеќе, некои дури го бараат тоа со голема очајност, заради обемот на нивните Ковид ситуации. Ве слушаме и јас ви ветувам дека ние се движиме најбрзо што можеме,“ рече секретарот Блинкин.

Некои сметаат дека оваа Ковид дипломатија за сега е подобро водена од страна на Русија и Кина и дека САД скоро и да не е влезен во оваа политичка игра со само 4 милиони Астра-Зенека вакцини кои американската влада ги има дадено на нивните соседи Канада и Мексико (Астра-Зенека вакцините не се ни одобрени за користење во САД така што американската влада подари вакцини кои секако не планирала да ги искористи). Во својот напис за NBC News, Александер Смит имплицира дека моменталната трка за дипломатија преку Ковид вакцини е еден вид на продолжение на студената војна помеѓу овие светски сили.

Смит смета дека преку продажбата на руската вакцина Спутник V, Русија добива нов вид на влијание во Јужна Америка на ниво што пред тоа го немала. Исто така Смит зборува за бесплатните вакцини кои Алжир ги доби од Кина кои според него се „платени“ преку политичката поддршка од Алжир на Кина по одредени контроверзни политички прашања како автономијата на Хонг Конг.

Но Гуо Веимин, портпаролот на политичката консултативна конференција на кинескиот народ, смета дека идејата дека Кина експортира вакцини за дипломатски бенефит е „со екстемно ограничен видик“. Исто така кинескиот претседателот Си Џинпинг вети дека вакцините ќе ги направи „глобално јавно добро“.

Оваа Ковид дипломатија се случува и на регионално ниво, како на пример бесплатните вакцини кои српската влада предводена од центер-десниот претседател Александар Вучиќ ги даде на странски граѓани. Иако Србија и Балканот се често заборавени во дискурсот на западниот свет, со вакцинацијата на илјадници македонски граѓани како и граѓани од други балкански држави во Србија, голем број светски медиуми ја објавија веста за солидарноста на владата на Александар Вучиќ.

Гео-политичката стратегија на претседателот Вучиќ е различна од многу европски земји со тоа што Србија добива вакцини од западните, но и од руските и кинеските производители. The Economist смета дека потегот со вакцинацијата на граѓани од соседните (и други европски) држави на претседателот Вучиќ е во негова полза.

Во неговиот напис за Balkan Insight, Јасмин Мујановиќ смета дека особено по одбивањето да биде дел од КОВАКС механизмот, српската Ковид дипломатија не би била возможна без дирекната поддршка на Србија од страна на Кина и Русија. Односно без Ковид дипломатија на Кина и Русија која се одвива на глобално ниво, српската регионална Ковид дипломатија не би била можна.

Историски, Србија била поле на интерес на различни светски сили и изгледа дека тоа останува точно до ден денес. Користење на различни видови на вакцини и фактот што Србија се спрема за да почне со производство на Спутник V во мај, 2021 отвара прашања за тоа како и дали новата американска координаторка за глобална Ковид дипломатија ќе се инволвира во Србија.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.