Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крај: Силувајте ги жените, сами си го бараат

0
By Биљана Секуловска on January 20, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 20, 2018 10:44

 

Ја прочитав мојата колешка и активистка, Светлана Јовановска.

И нејзината ќерка, исто така  новинарка и активистка, Тања Милевска.

Потоа ја прочитав теоретичарката по родови студии и активистка, Ирена Цветковиќ.

Уште една активистка прочитав- преведувачката Ана Василева.

Следна ја прочитав активистката Ивана Драгшиќ, културолог .

Ја читав писателката и активистка Румена Бужаровска.

Потоа уметницата и активистка Јана Јакимовска.

Ден подоцна,  активистката Славица Инџевска.

Па актерката и активистка Верица Недеска.

Сите ги прочитав. Малку прочитав. Многу прочитав.

Ништо од ова не знаев. Никој за тоа не знаел.

Ова се само неколку храбри жени, борци, јавни личности, кои ја покренаа кампањата #СегаКажувам #TaniTregoj. За да се подигне свеста за силувањата, сексуалното вознемирување, насилството, злоупотребите, за да проговорат сега оние кои се послаби, понемоќни, понегласни, замолчени, маргинализирани, фрлени на дното.

Да проговорат за насилството особено од страна на моќниот пол, на мажите, на суштествата дадените од Бога, надмоќни исклучиво во физички смисол, но низ вековите, историјата на машката доминација им оди во прилог.

Стануваат семоќни надбожества, оттука ја црпат силата д се прогласат не само за обични поседувачи на женското тело, не, тие сакаат уште, многу повеќе од тоа, тие сакаат да земат се.

Стануваат робовладетели, нејзини тутори и господари, нејзини џелати. Додека жената го добива местото на зрнцето, прашинката, на тишината, таа е, како вели Симон Де Бовоар- Другата.

После сите исповеди кои ги прочитав,  беше ужасно и да се прочитаат некои коментари: се се сведува на општ консензус за вистинското место кое и припаѓа со векови на жената- дека заслужува да биде силувана, угнетувана, малтретирана, сексуално вознемирувана, систематски уништувана.

За да биде ослободена жената, мора да ги смени навиките, целосниот изглед, начинот на кој се однесува, како зборува, што мисли, зошто воопшто мисли- тоа е дел од наративот на таа шовинистичка култура, на сексизмот, на злоставувачкиот нагон, садимозмот, мизогинијата, мачоизмот, фемицодот, на животинскиот пат кој го одбрале и по кој зацртано, зациментирано чекорат коментаторите на исповедите на жените.

Илустрација: Deva Pardue (http://www.devapardue.com/)

Прочитајте ги.

Прочитајте ја мојата колешка, активистката Светлана Јовановска.

И нејзината ќерка, исто така  новинарка и активистка, Тања Милевска.

Потоа  прочитајте ја теоретичарката по родови студии и активистка, Ирена Цветковиќ.

Уште една активистка прочитајте- Ана Василева, преведувачка.

Следна  прочитајте ја активистката Ивана Драгшиќ, културолог.

Читајте ја писателката и активистка, Румена Бужаровска.

Потоа уметницата и активистка Јана Јакимовска.

Ден подоцна, активистката Славица Инџевска.

Па актерката и активистка Верица Недеска.

Сите прочитајте ги. Малку ќе прочитате. Многу ќе прочитате.

Ништо од ова не сте знаеле. Никој за тоа не знаел.

Сега сите знаат.

Сега тие можат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.