Кралицата последниве седмици успешно заздравува од Ковид иако според лекарите од Виндзор, дневникот на доллжности на Нејзиното височество ќе биде „суштински ревидиран“ и таа веројатно нема да им се врати на своите главни обврски кон пошироката јавност.
Извори од кралското опкружување тврдат дека Елизабета Втора е во добра здравствена состојба, но веќе ја мачат „слабостите кои доаѓаат со долговечноста“.
95-годишната Елизабета пред еден месец беше инфицирана со вирусот, а како преносител беше наведен нејзиниот најстар син и наследник, принцот од Велс, кој претходно беше позитивен на тестот.
Кралицата ќе го прослави својот 96. роденден на 21 април годинава.