Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

0
By Zoran Ivanov on August 14, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 14, 2026 16:26

Русија продолжи со нови напади врз цивили и цивилна инфраструктура во Украина на 13 и 14 август, со удари врз станбени објекти, железница, пристанишна инфраструктура и населени места во повеќе региони. Агресорот продолжува со систематски терор преку таргетирање на цивилниот живот, со ракети, наведувани бомби и беспилотни летала.

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, во објава на платформата X предупреди дека руските напади мора да бидат запрени уште на ниво на производство на оружјето со кое се тероризира украинското население.

Ноќеска руска наведувана бомба уништи дел од 10-катна станбена зграда во Краматорск. Во Сумската област, во двоен напад со дронови врз станбена зграда загинаа мајка и нејзиниот 9-годишен син. Ракетите и дроновите на рф мора да бидат запрени уште на ниво на нивното производство, порача Дир.

Во Краматорск, во Донецката област, руска наведувана авионска бомба урна шест ката од станбена десеткатница. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, во нападот загинало едно лице, а 16 биле повредени. Тој објави дека Русија секојдневно употребува околу 220 наведувани авионски бомби против цивилни цели во населените места во близина на фронтот, особено во источна и јужна Украина.

Во Сумската област, руските сили извршија двоен напад со реактивни дронови врз станбен објект. Во нападот загинаа 29-годишна жена и нејзиниот деветгодишен син, а уште четири лица беа повредени, меѓу нив и таткото на детето и неговата баба. Според началникот на Сумската обласна воена администрација, Олег Хрихоров, нападот бил извршен рано утрото врз приватна станбена куќа во Буринската заедница.

Овие напади следуваат по уште еден тежок руски напад врз цивилен транспорт. На 13 август, руски реактивен дрон погодил патнички воз во Одеската област, во кој имало 340 луѓе. Во нападот загинаа машиновозачот и неговиот помошник. Украинската државна железничка компанија соопшти дека станува збор за напад со реактивен „Шахед“ врз патнички воз, додека Зеленски изјави дека Русија повторно уништила обична патничка локомотива со стотици луѓе во возот.

Истата ноќ, рускиот агресор ја погоди и пристанишната инфраструктура во јужна Украина. Во Измаил, еден од клучните дунавски пристанишни центри на Украина, руски напад предизвика пожар на пристанишната инфраструктура и остави делови од градот без електрична енергија. Овие удари имаат пошироко значење, бидејќи украинските дунавски пристаништа се важни за извозот и за глобалната прехранбена сигурност.

Најновите напади се дел од забрзаниот тренд на руски удари врз цивилното население. Според Мисијата на ОН за мониторинг на човековите права во Украина, јули бил најсмртоносниот месец за украинските цивили од март 2022 година, со најмалку 437 убиени и 2.610 повредени цивили. Од почетокот на целосната инвазија на 24 февруари 2022 година, според ОН, во Украина се убиени најмалку 16.874 цивили, меѓу нив 820 деца, а 51.273 се повредени, меѓу нив 3.126 деца.

Пораката на амбасадорката Дир дека руските ракети и дронови мора да бидат запрени уште на ниво на производство ја отвора клучната точка на меѓународниот одговор. Санкциите не смеат да бидат само политичка порака, туку мора да бидат инструмент за прекинување на синџирите на производство, набавка и испорака. Руските ракети, дронови и наведувани бомби не се појавуваат од никаде. Тие зависат од компоненти, финансии, логистика, посредници, технологии и канали за заобиколување на санкциите.

Зеленски претходно предупреди дека руските дронови и сите типови руски ракети не можат воопшто да се произведуваат без компоненти увезени од други земји. Тоа значи дека секој чип, секој електронски модул, секоја компонента што завршува во руско оружје станува дел од механизмот на терор врз украинските градови.

Затоа одговорот на демократскиот свет мора да оди во две насоки истовремено. Прво, Украина мора итно да добие повеќе противвоздушна и противбалистичка одбрана, системи, радари, ракети-пресретнувачи и муниција што можат да спасат животи. Второ, мора да се затворат каналите преку кои Русија продолжува да произведува ракети, дронови и наведувани бомби: преку посилни санкции, контрола на извозот, казнување на посредниците и целосно следење на компонентите што завршуваат во рускиот воен арсенал.

Напад врз станбена зграда, двоен удар со дронови врз дом во кој се убиени мајка и дете, напад врз патнички воз со 340 луѓе и удари врз пристанишна инфраструктура не се исклучоци. Тие се дел од истата руска стратегија да се тероризира цивилното население, да се уништи секојдневниот живот и да се претвори Украина во простор на постојан страв.

Извор: ЦивилМедиа.мк 

 

руски терор укртаина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.