Балканот не е од стратешки интерес за Русија, вели во интервју за српски Блиц аналитичарот Иван Крастев.
Русија како што вели тој не е подготвена да биде дел од пошироката европска економска зона заради стандардите кои ги налага ЕУ а кој на Русија и ги неутрализираат нејзините компаративни предности. Поради тоа Русија е заинтересирана да формира економска зона на просторот на поранешниот СССР.
Во таа приказна Балканот не е стратешка цел на Русија. Главниот интерес на Русија е поврзан со “Јужнот тек” чија цел е да го намали влијанието на Украина како монопол за транспорт на гас во Европа. Русија сака да има извесно економско влијание на Балканот но ни од далеку не помислуваат дека би можеле на тој простор да го имаат влијанието кое го има ЕУ. Не верувам во шпекулациите дека Русија сака да се врати на Балканот а уште помалку е точно дека Русија сака да биде алтернатива за ЕУ, вели Иван Јрастев.