Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омаж за доктор Јовица Угриновски, шампионот во неврохирургијата

0
By Соња Крамарска on November 29, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Доктор Угриновски на овогодинешното доделување на наградата по повод 30 години на Неуромедика
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако за некого може да се каже дека беше шампион во неговата професија, тоа беше докторот Јовица Угриновски. Македонија се гордееше со својот неврохирург од класа на светски професионалци во оваа важна област. Угриновски како најголем стручњак беше повикан на операционата маса кога требаше да се спасува животот на претседателот Киро Глигоров по атентатот што му беше извршен во 1995 година.

„Ако сакате мртов претседател, чекајте странски доктори“, им рекол тој тогаш на сите од државниот врв кои во паника размислувале како да постапат и какви одлуки да донесат во врска со тешко ранетиот шеф на државата. Сложениот неврохируршки оперативен зафат Угриновски го изведе со телефонска поддршка од француски колеги.

Угриновски специјализацијата по неврохирургија ја завршил во Скопје – што е убаво потсетување за стандардите кои некогаш владееле во овдешната медицина и медицинска наука. Завршил и три постдипломски курсеви по неврохирургија во Монтпелје, Франција, Манчестер, Велика Британија и Братислава, Словачка. Извесен период како неврохирург работел и во Либија.

Доктор Јовица Угриновски Има голем придонес во воведувањето на методот на премостување на крвните садови во мозокот.

Но тоа е премалку за да се опише неговиот лекарски опус и довербата што ја уживаше кај пациентите. Тоа не може да го видите ниту во неговата биографија, бидејќи спротивно на денешните биографии што си ги пишуваат стручњаци од разни области, неговиот опис на школување и на кариерата е едноставен, краток и без фалби за постигнатите успеси.

Угриновски е и основач на приватната медицинска установа Неуромедика, на чија прослава на 30 годишнината од отворањето годинава му беше доделена специјална награда за животно дело.

По пензионирањето се оддаде на неговата страст – алпинизам, спорт кој го практикуваат само најупорните и најиздржливите, но кој за жал не му донесе долговечност како што тврди медицинската и спортската наука.

Познатиот доктор почина на 77 годишна возраст, како што се наведува во објавата на Неуромедика, по долготрајно боледување. Од него денес на социјалните мрежи се простуваат илјадници пациенти на кои тој им донел здравје и подолг живот. Тие сведочат за неговите виртуозни потфати во мозокот како најсложен дел на медицината, што е реткост не само во Македонија туку и во другите земји.

С.К.

Јовица Угриновски Омаж
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.