Американскиот претседател Џо Бајден вчера побара од Конгресот да одобри дополнителни финансиски средства за помош на Украина во износ од 33 милијарди долари.
Одлуката на САД да го конфискува рускиот имот со цел да и пружи помош на Украина е опасен преседан и обид за легализирање на експропријацијата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Тоа е опасен преседан кој претставува недозволиво искривување и кршење на сите правни норми.
„Тоа не е ништо друго освен експропријација на приватна сопственост и обид да се легализира на псевдо начин“, им рекол Песков на новинарите, пренесува Спутник.