Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КРИК фестивал: Светлана Слапшак вечерва во Чифте амам

0
By Нова ТВ on November 23, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На прогамата на КРИК фестивалот за критичка култура, денеска почнуваат и презентациите и работилниците  под заеднички наслов „Поетики на радикалното издаваштво“  во организација на Мултимедијален  институт kuda.org од Нови Сад и  на Контрапункт од Скопје.

Еден од централните настани на фестивалот, предавањето на светски познатата теоретичарка Светлана Слапшак ќе се одржи во 19, 30 часот во Чифте амам, по што ќе следи и разговор со неа, кој ќе го води Ана Вујановиќ, независен културен работник во полето на современите перформативни уметности и културата, која живее и работи во Берлин.

Денеска започна и дводневната меѓународна  конференција „Дијаспора / Мобилност / Номадизам / Различности“, во организација на Есперанца – Светски културен центар.

konferencija

– Проектот Од дијаспора до различности беше инспириран од потребата за ново разирање на дијаспората во контекст на променетиот амбиент на зголемена мобилност, глобализација и на различни начини на искусување на културните различности. Миграцијата е заедничка точка на културата на Балканот, но и на светот. Она што ни е една од целите на овој проект кој започна пред повеќе од две години, е да ги истражиме новите концепти на дијаспората и потребата да се напуштат застарените поими за дијаспората дека луѓето одат некаде и го редефинираат својот идентитет. И пораката до нашите политичари би била да заврши таа практика на сентиментализација на дијаспората и потоа злоупотребата што потекнува од таа сентиментализација, рече Алаѓозовски на отварањето на конференцијата.

unnamed

Еден од партнерите на овој проект е една од најактвините независни културни  инстиуции во регионот, „Ремонт“ од Белград и директорката Дарка Радосављевиќ за значењето на новиот фестивал КРИК рече дека е од исклучително значење што тој ги собра на едно место луѓето не само од регионот, туку у пошироко од Европа.

– Тоа има огромно влијание на различни нивоа, прво заради тоа што отвора простор за здрава комуникација на луѓе што слично ги промислуваат актуелните проблеми и се среќаваат со различни видови на изрази, иницијативи, мислења кои, колку и да се слични сепак се и различни и таа интеракција и размена е значајна, пред се’ за самите учесници на овој фестивал, а од друга страна, енергијата која тука се акумулира, едноставно мора да се пренесе на публиката и на сите заинтересирани кои доаѓаат овие денови во Чифте амамот каде што толку многу различни работи се случуваат и можат да се видат и слушнат, вели  Радосављевиќ.

По денешните излагања на Моника МокреАлександра Лазар., Лидија Димковска, Елизабета Шелева,  Мелентие Пандиловски (скајп врска-Австралија)Јане Чаловски и Сабина Габиќ, конференцијата продолжува и утре во Чифте амам, со почеток од 10 часот на која ќе зборуваат Ивајло Дичев, Ирена Беќиќ, Аријан Лека, Драгослав Дедовиќ, Лилјана Смиќ Деру и Марко Стаменковиќ.

izlozba-2

Синоќа во Чифте Амам на КРИК фестивалот за критичка култура беа отворени две меѓународни изложби директно поврзани со тематските фокуси на годинешното прво издание. На изложбата „Архиви на насилство“,  учествуваат седум уметници од Македонија и од Германија, Хрватска и Турција: Соња Шонбергер, Мишел Теран, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ, Memory of the world (Томислав Медак и Марсел Марс) и Зејно Пекунлу.

– Заедницата која се заснова врз култура на критичко дејствување и соочување преку конфронтација, е заедница на слободата, на взаемноста, на храбрата пловидба кон новите хоризонти на општеството. Оваа приказна ја започнуваме во миг кога на нашето општество му е потребна една таква нова пловидба. Потребно му е ново пријателство за јавно добро, потребно му е ново втемелување, ново поврзување на сите расцепкани и прекинати врски. Потребно е градење платформа, платформи кои ќе создаваат органски и конструктивни кртички јадра, низ кои ќе се втакјуваат различните општествени слоеви и интереси, ќе се преиспитуваат можностите и границите. КРИК ќе застанe во одбрана на правото на критичка култура, која постојано ќе ги поместува границите на еманципаторските политики во социо-културниот простор, рече Искра Гешоска, претседателка на Контрапункт.

izlozba3

На отварањето се обратија и Елена Велјановска, кураторка на изложбата „Архиви на насилството“, Роберт Алаѓозовски, претседател на Есперанца, кој е организатор на изложбата „Од дијаспори до различности“ и кураторот Мирослав Кариќ од Белград

– Секое од делата на оваа изложба отвара нови аспекти на значењето на миграциите и дијаспората, а сите од уметниците застапени на изложбата почувствувале лично што значи да се биде во дијаспора. Тука се зборува и за мигрнтите како еден д најгорливите проблеми на Европа сега, рече Кариќ.

На оваа изложба презентирани се делата на: Ивана Ивковиќ, Рајко Радовановиќ, Младен Бундало, Нада Прља, дИСТРУКТУРА. Изложбата е дел од регионалниот проект „Од дијаспора до различности“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
ФОКУС

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

ВЕСТИ October 10, 2025

Илјадници Палестинци почнаа да одат кон северна Газа, неколку часа откако израелската армија објави дека…

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.