Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КРИК:Предавања и работилници на водечките имиња на независната култура

0
By Нова ТВ on November 25, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска на КРИК фестивалот за критичка култура започна дводневната работилница „Дигитална библиотека/Моја архива: од корисник до аматер-библиотекар, предводена од Марсел Марс и Томислав Медак од Хрватска.

Како критички да се пишува во  уметноста и културата, како да се зачува меморијата на светот, каква е улогата на граѓанинот во современиот социо културен контекст – ова беа дел од темите за кои се разговараше на синоќешните сесии на КРИК – фестивал за критичка култура.

Ана Вујановиќ,  независен културен работник во полето на современите перформативни уметности и културата, која живее и работи во Берлин одржа работилница „Критичкото пишување во уметноста и културата- градење на критичко социо-културно размислување во јавната сфера“.

krik2

– Оваа работилница првенствено беше наменета за младите,  како да пишуваат и критички да размислуваат за современата уметност и култура. И самата сум теортичарка на културата, пред се’ на изведувачките ументности и секогаш се трудам да ги поставам во поширок контекст на општествената пракса и да согледам што ние всушност постигнуваме. Од една страна се чувствуваме маргинализирани во однос на распредебата на буџетите и видливоста во медиумите, а од друга страна имаме глема одгворност во јавниот говор. Со посетителите на работилницата ја анализиравме изложбата „Архиви на насилстовто“ поставен во Чифте амам, разаговаравме за тоа што е современо, то е политичко во форматот на изложбата и што е политичко во условите и начините на работа, вели Вујановиќ.

По завршувањето на меѓународната конференција „Дијаспора / Мобилност / Номадизам / Различности“, во организација на Есперанца – Светски културен центар, во организација на Мултимедијалниот  институт, kuda.org, од Нови Сад и  Контрапункт од Скопје, се одржа тркалезна маса, насловена „Јас сум член на буржоаската класа“, на која учествуваа Јелисавета Благојевиќ од Србија,  Леонардо Ковачевиќ, од Хрватска, Артан Садику од Македонија и Анте Јериќ од Хрватска како модератор. Учесниците говореа за различното поимање на граѓаннинот наспроти народот во различни историско политички контектсти.

krirk3

– Покрај веќе познатите дефиниции на граѓанинот, потребно е да се говори за една поширока компонента  – а тоа е активноста во одонос на општествените прашања.  Досегашните концепти за граѓанинот се исклучувачки и тешко транцформацијата на политичката заедница, која е неопходна,  со досегашните определби за тоа што е граѓанинот. Потребен ни е еден нов вид активизам, рече Благојевиќ.

Вечера на програмата на фестивалот се одржа и Спринт презентација на книги, во која уредници и издавачи  од регионот, посочија примери на она што сметаат дека е ново или радикално во издаваштвото. Анте Јериќ од Хрватска, Никола Гелевски од Македонија, Бранка Ќурчиќ и Зоран Гајиќ од Србија, Миљенка Булјевиќ од Хрватска претставија по три изданија.

– Во денешно време секое издаваштво стана радикално, бидејќи со овие цени н апечатење и недостаток на дистрибуција, ако сакате да издавате книги што навистина ве интересираат и кои се вредни за издавање, треба да се подготвите дека ќе завршите длабоко во минус, рече Јериќ.

Започна и симпозиумот Јавна библиотека/Меморијата на светот, иниицијаторите на овој проект Марсел Марс и Томислав Медак од Загреб ја запознаа публиката на КРИК фестивалот со проектот на Јавна библиотека што го работат ставајќи на интернет важни изданија од различни научни области, кои се бесплатно достапни за читање.

– Која е еманципаторската вредност интернет денес? Слободата на говор се претвори во говор на омраза, слободата на новинарството се петвори во слобода на сопствениците на медиумите да ги одредуваат главните општествени теми, но наспроти тоа уверен сум дека треба интензивно да се работи на производство на знаење и колективната меморија на интернет, рече Марсел Марс.

krik1

Во рамки на овој симпозиум  се одржа презентацијата „Од сеќавање за насилството до методи на насилен заборав“ со Сања Хорватинчиќ која ги проучува спомениците од НОБ во Хрватска и нивната судбина во последните 50 години.

Милан Радановиќ го презентираше проектот „Архивирање на сеќавањето и знаењето: Воените злосторства во Југославија 1941-1945“, кој содржи голем број се уште непроучени и непознати за научната и пошироката јавност, документи и фотографии од злосторствата извршени во текот на Втората светска војна на територијата на поранешна Југославија.

Покрај перформативниот разговор со познатата уметница Мишел Теран, вечерва на програмата на КРИК фестивал е предавањето “Насилство на информациите и апликациите: „Современата уметност“ нa затворање со Бранислав Димитријевиќ,   теоретичар на уметноста од Белград, а по предававањето ќе се одржи разговор со него кој ќе го водат Славчо Димитров и Бранка Ќурчиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.