Украинската влада вчера ја обвини руската војска за окупација на југоистокот на земјата во операција во која учествувале хеликоптери над границата на Крим, на само неколку часа пред почетокот на референдумот за спојување на полуостров кон Русија.
Обвинувањата доаѓаат откако десетици луѓе, хеликоптери и оклопни возила стигнале во селото северно од административната граница на Крим во внатрешноста на Украина.
Тоа село не е дестинација која ја запоседнаа руските сили надвор од Крим и неговото зазмање е повеќе симболично отколку стратешко. Вашингтон веднаш ја осуди „срамната ескалација“.
Нешто повеќе од 1,5 2 милиони жители денска се изјаснуваат дали се за останување во Украина или за приклучување кон Русија. На територијата на цела Украина безбедноста е на највисоко можно ниво, полицијата секаде има поставено контролни пунктови, а луѓето панично ги повлекуваат своите пари од банките.
Русите, кои живеат на Крим, нестрпливо го чекаат гласањет, бидејќи новата власт во Киев ја сметаат за нелегитимна и фашистичка.
-Ја избираме Русија поради тоа што таа не штити и се чувствуваме сигурни под нејзина заштита, изјави Сергеј Тсеков, портпарол на парламентот на Крим.
Кримските Татари, најавија бојкот на референдумското изјаснување.
-Овој референдум е нелегален. Тој е измама и ќе се оддржи против наша волја, изјави жител на Крим.
Европа и САД сметаат дека референдумот е нелегитимен и опасен. Русија смета дека одлуката на кримската власт е во согласност со меѓународното право. Иако и Украина и Русија тврдат дека Крим го бранат со сите дипломатски и политички средства, а воената опција е отфрлена, сепак и двете засилено распоредуваат воени сили на целата територија.

