Утрово украинските сили извршија напад на платформите за дупчење на компанијата за нафта и гас на Крим „Черноморнефтегаз“, изјави лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов.
Аксјонов на мрежата Телеграм напишал дека пет од 12-те лица се спасени, а тројца се повредени.
Тој додаде дека е во контакт со колеги од Министерството за одбрана на Русија и Федералната служба за безбедност на Русија и дека работат на спасување на ранетите луѓе.