Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кристијано Роналдо се спаси од суд-обвинувањата за силување се повлечени

0
By Нова ТВ on June 5, 2019 СПОРТ
FoxNews
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Случајот за силување против Кристијано Роналдо беше тивко прекинат. Тој беше покренат од Американката Кетрин Мајорга која тврдеше дека е жртва на сексуална злоупотреба од португалската ѕвезда во хотелска соба во Лас Вегас во летото на 2009 година.

„Блумберг“ објави дека пред еден месец, одбраната доброволно ги повлекла своите обвиненија.

Скандалот изби лани во септември , кога Мајорга одлучи да продолжи со случајот и да покрене обвинение против Кристијано. Таа изјави дека во времето кога се случило наводното силување, била принудена да потпише договор за необјавување на информациите од адвокатите на Роналдо. Медиумите, исто така, укажаа на износот за нејзиниот молк – 375.000 долари.

– Потпишав, бидејќи се плашев. Тој е познат човек, а јас сум обична жена. Не сакав моето име да се замешува во вакво грозно нешто. Се плашев дека медиумите нема да ме остават на мира, но веќе не можам да молчам, а и секогаш сум се прашувала дали има и други жени, кои станале негови жртви, прокоментира таа пред „Шпигел“.

Не е познато дали Мајорга сега има постигнато нов вонсудски договор со играчот.

Според зборовите на Кетрин, предметното силување се случило на 13 јуни 2009 година, еден ден откако медиумите го снимија Кристијано како се забавува со Парис Хилтон во клуб во Лос Анџелес. Неколку часа подоцна, излезе веста дека Роналдо ја прифатил понудата на Реал Мадрид.

Во тоа време, Португалецот имаше 24 години и беше на одмор во Америка со неговиот очув и братучед. 25-годишниот тогаш модел Кетрин Мајорга пак работела во ноќниот клуб „Реин“ во локално казино, каде се запознала со Кристијано во ВИП зоната.

Папараци фатија како двајцата флертуваат, по што Кристијано ја поканил убавицата во претседателскиот апартман во хотелот за да „уживаат во глетката над Лас Вегас“. Луксузниот стан располагал со џакузи на балконот, но Кетрин одбила да влезе за да не го уништи фустанот.

Според неа, Роналдо и понудил облека и и рекол да оди во тоалет. Според судските документи во овој момент, тој влегол и ја прашал дали сакаат да имаат секс. Американката одбила да има секс со него, но признала дека го бакнала откако ветил дека ќе ја пушти.

– Во еден момент почна да ме притиска. Почна да ме притиска и да ме допира на некои места. Го турнав и продолжив да кажувам: „Не“, рече таа.

Според неа, Кристијано ја турнал во кревет и ја силувал, додека таа постојано врескала „Не, не, не“.

Кристијано Роналдо категорично ги отфрли обвиненијата за силување и ги нарече „лажни вести“.

– Јас цврсто ги негирам обвинувањата . Силувањето е страшно злосторство кое е против сè во што верувам. Излегувам со моето име и одбивам да го потхранувам медиумскиот циркус создаден од луѓе кои сакаат да станат познати на мој грб, напиша тој во социјалните мрежи.

Потоа дојде друга порака, во која Кристијано Роналдо објави дека неговата „чиста совест“ ќе му овозможи да ги чека резултатите од истрагата „со смиреност“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.