Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кристофер Хил: Луѓето од Скопје ми се при срцето

0
By Нова ТВ on July 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На кобното утро 26-ти јули пред 50 години се сеќава поранешниот амбасадор во Македонија Кристофер Хил, сега декан на Катедрата за меѓународни студии Џозеф Корбел на Универзитетот на Денвер.

Во интервју за Гласот на Америка тој вели дека како 11-годишник, веројатно не ни сонувал дека клопчето на животот ќе се одвитка така што еден ден ќе има амбасадорска канцеларија во Скопје, па дури и ќе стане негов почесен граѓанин. За скаменувањето на стрелките на 5:17 дознал преку радио, од другата страна на Атлантикот.

„Тоа беше многу одамна, но се сеќавам дека бев во куќата на еден пријател и сосед по име Херберт Кејс во Литл Комптон, Роуд Ајленд. Слушнав на радио“, се сеќава амбасадорот.

Дописникот на Њујорк тајмс Дејвид Бајндер ќе напише дека градот како да минал низ тешко бомбардирање. За Хил, новинските извештаи сепак не биле првата средба со Скопје и Балканот: „Се сеќавам дека бев шокиран од обемот на штетата. Кога бев помлад, на возраст од 6-7 години, живеев во Белград. Татко ми таму беше дипломат, така што знаев за Скопје. Бев таму претходно, така што бев заинтригиран да ги видам ужасните слики од градот во жалост“.

Трагедијата во Скопје го зближи целиот свет. Солидарноста даде нова надеж на човештвото што живееше во напнатоста на Студената војна.

„Самата идеја американските и советските војници да соработуваат на хуманитарно прашање беше добредојдена“, вели Хил.

Починатиот државен секретар Лоренс Иглбергер, кој во време на земјотресот бил ниж службеник во Амбасадата во Белград, е клучната фигура на американската помош за Скопје, оттаму и прекарот во дипломатските кругови – Лоренс од Македонија.

“Кога дојдов во Македонија како амбасадор во 1996-та, еден од првите луѓе на кои им се јавив во Вашингтон беше тогаш пензионираниот Лоренс Иглбергер, и тој долго ми говореше за своите сеќавања за тешко погодениот град“, раскажува Хил.

Тој поздравува дел од неодамнешните напори за повторна изградба на некои од историските зданија кои постоеле пред земјотресот. Дипломат и по пензионирањето од дипломатската служба – не сака да избира кое Скопје му е поблиску до срцето: градот на солидарноста или градот на се` повеќе споменици: “Не сакам да бидам политички настроен. Она што ми е при срцето се луѓето од Скопје кои особено пропатија во земјотресот. А сега, кога сум постојан граѓанин на Скопје, секогаш се чувствувам дома кога ќе го посетам“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.