Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Критики за притворот на Кежаровски и од европските новинари

0
By Нова ТВ on July 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународната федерација на новинари (IFJ) и нејзиниот европски отсек, Европската федерација на новинари (EFJ), го осудија продолжувањето на притворот на македонскиот новинар Томислав Кежаровски. Реакцијата доаѓа откако судот вчера го продолжи времетраењето на притворот за новинарот за дополнителни 30 дена.

>> ОБСЕ со критики за продолжувањето на притворот за Кежаровски

„Ние сме многу загрижени поради продолжувањето на притворот за нашиот колега Томислав Кежаровски и безрезервно ја осудуваме одлуката на судот во Македонија да го задржи дополнителни 30 денови“, изјави претседателот на IFJ Џим Бумелха. „Држењето во притвор ги поткопува неговите права и слободи како новинар, но и го става под прашање почитувањето на правото на слобода на изразување и информирање воопшто во Македонија“, додаде тој.

„На скоро одржаниот Светски конгрес на IFJ во Даблин беше усвоена резолуција, која беше предложена од ССНМ и поддржана од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и други организации. Со резолуцијата им се дава целосна поддршка на Кежаровски и ССНМ во нивната борба за медиумска слобода“, рече Бумелха.

>> СЕЕМО: Притворот на Кежаровски го вклучи алармот

Македонската полиција го уапси новинарот на весникот Нова Македонија во мај годинава. Оттогаш тој е во притвор во скопскиот затвор Шутка.

„Ние целосно безусловно го поддржуваме правото на Кежаровски да не го објавува својот извор на информации. На новинарите мора да им биде дозволено да спроведуваат новинарски истражувања за проблеми кои се од јавен интерес. Мора да можат да го прават тоа слободно, без закана од затвор или под притисок да го објават својот извор на информации“, изјави заменикот претседател на EFJ Надежда Ажгикина.

>> Медиумите од Југоисточна Европа бараат слобода за Кежаровски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.