Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен суд: Рочишта за главна расправа одложени поради непостапување на затворските установи

0
By Marija Todorovska on August 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот кривичен суд Скопје денеска преку соопштение реагира дека рочиштата за главна расправа биле одложени поради непостапување на Затворските установи.

Основниот кривичен суд Скопје, согласно заложбите за транспарентно и отчетно работење, како и ефикасно и економично водење на судските постапки со почитување на Уставно загарантираните права на странките, смета дека е потребно да ја извести јавноста дека изминатите два дена, во Кривичниот суд се одложија речиси сите притворски предмети кои уредно беа насрочени, со навремена достава на покани за странките, само заради тоа што притворените лица не беа спроведени од КПУ Затвор Скопје, стои во соопштението на Кривичен суд.

Според Судот, особено загрижува фактот што меѓу одложените расправи се и предмети од Одделот за организиран криминал и корупција со повеќе од 10 – тина обвинети од кои дел се наоѓаат во притворското одделение на Затвор Скопје и за кои течат рокови по кои судот е должен да постапува.

Мерката притвор е најтешката форма на ограничување на слободата која е наменета токму за обезбедување на присуство на обвинетите лица во судските постапки, но ниту според домашното законодавство, а ниту ни според Европската конвенција за човекови права не смее да се претвори во казна. Но, во овој случај, за жал се оддолговлекуваат постапките не по вина на ниту еден од учесниците на истата, нагласува Кривичен во соопштението.

Заради тоа, додава натаму Кривичен суд, денеска Судот се обрати до Управата на Затворот со барање за итно преземање на неопходни мерки со кои овие случаи нема да се повторат, а писмото го објавуваме во целост .

Во писменото обраќање до директорот на КПД Затвор – Скопје, Судот изразува загриженост заради неспроведувањето во суд на дел од обвинетите спрема кои е определена мерка притвор.

Почитуван директоре, Ви се обраќам со голема загриженост во однос на состојбите во последните неколку денови, односно заради неспроведувањето во суд на дел од обвинетите спрема кои е определена мерка притвор и истата се извршува во Вашата установа. Имено, судењата закажани за вчерашниот и денешниот ден се откажани токму од причина што Вашата институција не ги спроведе обвинетите на судења, а мерката притвор е определена заради обезбедување на нивно присуство (во текот на денешниот ден се одложи рочиште каде што присуствуваа 12 обвинети и нивните бранители, како и јавен обвинител), стои во соопштението.

Натаму Судот потсетува дека мерката притвор е најтешката мерка со којашто се ограничуваат слободите и правата на обвинетите за кои согласно принципот на презумпција на невиност се невини додека не се докаже спротивното, и судот за овој вид предмети постапува итно.

И покрај сите напори и трошоци кои што ги прави судот за жал судењата сепак се одлагаат од причина што Вашата институција не ги спроведе обвинетите на закажаните рочишта. Верувам дека за истото имате разумно оправдување, но потенцирам дека Вашата институција е сервис на судот и Вие постоите од единствена причина да го обезбедите присуството на обвинетите кои што треба да бидат изведени пред суд, стои во писмото до директорот на КПД Затвор-Скопје.

Судот во писменото обраќање до директорот вели дека за жал во последно време се бележи дека рочиштата каде што обвинетите се јавуваат на покана на суд се одвиваат без одлагање, а рочиштата каде што обвинетите се во притвор се одлагаат и изразува очекување дека без оглед на причините ваквата состојба да не се повтори

затворски установи Кривичен суд рочиѓта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.