Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична пријава за полициски службеник за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје

0
By Marija Todorovska on March 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднел кривична пријава против полицискиот службеник З.Ц. и против правно лице – агенција за обезбедување, на која тој е сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво по член 396 од кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.

Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор и согласно член 214 од Колективниот договор на МВР, стои во соопштението, донесено е решение за отстранување на З.Ц. од работното место до  донесување на решение во дисциплинската постапка.

– Имено, на 26.12.2023, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки „Црвена застава“, ловечка пушка „Бенели арми“, ловечки карабин „Бровинг“, ловечка пушка „Берета“, четири кутии со барут, четири кутии со сачми, алат за изработување ловечки патрони, 36 куршуми различен калибар и 22 ловечки патрони. Додека, при претрес во просториите кои ги користи неговото правно лице, биле пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка“, пушка „Крико“ и пушка „Берета“, појаснуваат од МВР.

Со ваквите дејствија, полицискиот службеник З.Ц. постапил спротивно и на член 16 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, според кој работниците не треба да ги вршат дејностите кои се во судир со внатрешните, односно полициските работи – работа како управител во правно лице и дејности поврзани со оружје и експлозивни материи.

МВР полициски службеник трговија со дрога и оружје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.